2.3 C
Skopje
понеделник, декември 9, 2019

Делфин ли е, автомобил ли е?

Kabtel desktop

Компанијата Seabreacher од Австралија го претстави своето најново ремек дело, Станува збор за возило кое вози по и под вода а е инспирирано од изгледот и начинот на пливање на делфините. Возилото е толку добро направено и одлично ги имитира движењата на делфините, па оддалеку не може да се распознае дали станува збор за машина или вистински делфин.

Возилото Seabreacher Z, кое е најнова верзија на оригиналниот модел Ј, може да скока од вода, да се врти додека плива и уште некои движења препознатливи за делфините, a го има во повеќе бои, од кои и црно-бела со шари баш како делфините од тој вид. Во него може да седне само еден човек, а се управува со волан со две рачки.

Горниот преден дел од возилото е стаклен и може и да се отвори и да се вози отворено. Seabreacher Z е долг малку повеќе од 5 метри, широк е 1 метар, а висок 1,5 метри. Максималната брзина по површината на водата е 88 км/ч, а под вода е 40 км/ч. Може да се нурне до максимум 1,8 метри.

Posted by Veronica Rocco on Сабота, 16 март 2019

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •