16 C
Skopje
петок, август 14, 2020

Хрватската пошта почна да врши замена на криптовалути

UAKS desktop

Криптовалутите последните години намамија се повеќе корисници, а Хрватска со својата мрежа од 1.016 поштенски канцеларии сака дополнително да ја зголеми нивната популарност. Сопствениците на криптовалути кои сакаат своите виртуелни пари да ги заменат за куни повеќе не мора да бараат банкомат или банка. Од 15 јули своите криптовалути можат да ги заменат во Хрватска пошта.

Како што велат од поштата, сите домашни и странски корисници своите криптовалути можат да ги променат во куни во задарските поштенски канцеларии со само неколку едноставни чекори. По поднесувањето барање се скенира QR кодот и во поштата може да се подигнe готовина. Моментално може да се заменат петте најчесто користени криптовалути: биткоин, етереум, стелар, рипл и EOS.

Пилот-проектот во соработка со хрватската компанија Electrocoin, која веќе пет години го води сервистот bitcoin-mjenjacnica.hr, се спроведува во три канцеларии во Задар, а ќе го покаже интересот на пазарот за ваков вид услуга.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •