Македонскиот документарец „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов е избран да ја претставува државата во трката за „Оскар“.

Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата e во состав на: Игор Иванов – режисер и претседател на ДФРМ, Ангела Несторовска – продуцент, Аксел Мехмед – актер, Сашко Потер Мицевски – филмски монтажер и дизајнер на звук, Игор Ангелов – актер, Дина Дума – режисер и Горан Игњатовски – мејкап дизајнер, прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука.
Во конкуренција за кандидатурата беа и филмовите: „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ во режија на Теона Стругар Митевска, „Еј“ во режија на Васил Христов, „Дедо и внук“ во режија на Илија Пиперковски, „Боите на Преспа“ во режија на Перо Попов и „Џезмен“ во режија на Аљоша Симјановски.
Филмот освои огромен број награди, а имаше и голем триумф на фестивалот во Санденс каде освои три награди – за најдобар документарен филм, за кинематографија и специјална награда од жири Фејми Даут и Самир Љума.
Утревечер документарецот премиерно ќе се прикажува пред македонската публика како дел од програмата на „Македокс“ во Куршумли ан.