14.3 C
Skopje
недела, ноември 17, 2019

Повеќе пари за субвенционирање на сончеви колектори, ПВЦ прозори и печки на пелети

Kabtel desktop

Владата на вчерашната седница ги донесе измените на Програмата за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетска ефикасност во домаќинствата за 2019 година.

Со измената на Програмата предвидено e зголемување на средствата предвидени со Буџетот и тоа: дополнителни 5 милиони денари за субвенции за сончеви колектори, дополнителни 14.7 милиони денари за субвенции за ПВЦ или алуминиумски прозорци и дополнителни 10 милиони денари за субвенции за печки на пелети, со што вкупните средствa од 50 милиони се зголемуваат на 79 милиони денари.
Во делот на доделувањето на субвенции за купени печки на пелети се предлагаат вкупно 30 милиони денари, од кои 15 милиони денари ќе бидат наменети за баратели со ниски примања (ранливи потрошувачи) и истите ќе имаат предност при доделувањето на субвенциите. Останатите 15 милиони денари ќе бидат доделени на начинот опишан во програмата и јавниот оглас.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •