18.5 C
Skopje
понеделник, октомври 14, 2019
Почетна Што прави светот? Гаџети Научници создадоа паметни пижами кои го мерат срцевиот ритам и го следат...

Научници создадоа паметни пижами кои го мерат срцевиот ритам и го следат дишењето додека спиете

Kabtel desktop

Наскоро луѓето за спиење ќе носат електронски активни пижами. Тоа е визијата на истражувачи од Универзитетот Масачусетс, кои развија пижами што содржат преносни уреди кои го следат срцевиот ритам и дишењето без да ги забележувате и не да ви попречуваат во спиењето.

Пижамите ги дизајнираа Али Киагади и Зохре Хомајунфар. Прототипот го носи називот „phyjamas“ и претставува стадарден пар унисекс пижами кои се опремени со посебна технологија. Тие ќе бидат презентирани на конференцијата Ubicomp 2019 во Лондон.

„Генерално, луѓето претпоставуваат дека паметниот текстил асоцира на тесна облека која има забележливи сензори за мерење на физиолошките и физичките сигнали, но тоа не е решение за секојдневна облека, особено не за обелка за спиење. Иако облеката за спиење е широка и удобна, некои делови од неа секогаш се прилепени до телото и имаат контакт со надворешни површини. Тоа значи дека делот кај торзото притиска на креветот или столот, рацете притискаат на страните од креветот додека спиеме, а ќебето или прекривачот притиска на пижамите од горната страна“ велат научниците.

Токму тие делови биле потенцијални локации за поставување на сензорите за мерење на срцевиот ритам и дишењето. Тешкотијата лежи во тоа што тие сигнали индивидуално не се прецизни, особено кај широка облека, но сигналите кои доаѓаат од многу сензори поставени на различни делови од телото може да се комбинираат за попрецизно читање на податоците.

Тие имале повеќе предизвици во развојот на пижамите. Најпрвин, сфатиле дека не постои сензор базиран на текстил кој може да осети разлики во притисок, особено ако се работи за мали сигнали. Затоа тие дизајнирале посебен сензор за притисок и го комбинирале со триболектричен сензор, кој се активира при промена на физички контакт, за да направат систем од сензори кои може да се постават во широка облека.

Досега имаат направено повеќе тестирања во контролирана и во природна средина и покажале дека може прецизно да ја следат работата на срцето, а дишењето со некои минимални грешки.

Kabtel golem pod glavno menu 14.10.2019
Сподели!
  •  
  •  
Сподели!
  •  
  •