18.5 C
Skopje
понеделник, октомври 14, 2019
Почетна Македонија Денеска почнува „Вино фест“ пред Веро центар

Денеска почнува „Вино фест“ пред Веро центар

Kabtel desktop
Селектирани вина и различни деликатеси, зачинети со музиката на реномирани домашни изведувачи, ќе бидат во фокусот на годинешното издание на „Вино фест 2019“ што од 19 до 21 септември (од четврток до сабота) ќе се одржи на отворениот паркинг пред „Веро центар“ во Скопје.
Настанот „Вино фест“, кој традиционално го организира компанијата „Веропулос“ неколку години по ред, има примарна цел да ги промовира македонските винарници и нивните вина, со што ги стимулира домашните бизниси и ја поддржува економијата.
Годинешниот „Вино фест“ ќе почне во четврток (19 септември) со диџеј сет на познатиот Драган Б. Костиќ од 19 часот. Ќе следат настапите на фолк пејачот Миле Кузмановски и на Игор Џамбазов. Втората вечер ќе ја отвори диџеј Guardian, а по него ќе настапат битолската група „Фолтин“ и Владо Јаневски. Последната, саботна вечер е резервирана за сет на диџеј Боби, како и за настапите на Наум Петрески и „Амадеус бенд“.
Најновото издание на „Вино фест“ ќе овозможи уживање во вината на винарниците „Тиквеш“, „Бовин“, „Стоби“, „Далвина“, „Пивка“ и „Вардарска долина“, како и во пијалоците на Прилепска пиварница. Ќе има и гастрономска понуда обезбедена од „ЛЛ кетеринг“, „Златиборац“, „Лоренцо“, „Президент“, „Књаз Милош“, „Аква вива“ и апетисани „Џамбо“.
Музичката програма на „Вино фест 2019“ во четврток ќе почне во 19 часот и ќе трае до полноќ. Во петок и во сабота ќе почне во 20 часот и ќе трае до 1 часот наутро.

Kabtel golem pod glavno menu 14.10.2019
Сподели!
  •  
  •  
Сподели!
  •  
  •