7.8 C
Skopje
понеделник, октомври 3, 2022

Во Виена се отвора селфи музеј за Instagram генерацијата

Kabtel desktop

Во Виена се отвора музеј кој со својата „Instagram friendly” политика сака да ги привлече младите и во интерактивни простори да им овозможи да создадат сопствени ументички дела. Со ѕидовите во живи бои и големите предмети, музејот има се што е потребно за совршени селфи фотографии.
„Бројот на млади луѓе кои одат во музеј е мал, па се обидуваме да ги победиме социјалните мрежи. Тие сакаат да живеат онлајн“ вели еден од креаторите на Nofilter_museum.
Музејот има 24 простории и е полн со интерактивни поставки со кои луѓето можат да се забавуваат. Посетителите можат да најдат совршени ќошиња за своите фотографии и да се фотографираат пред ѕидови со различни бои и принтови, со храна, во топки, на маса со семејство плишани мечиња во природна големина итн.
Музејот ќе биде отворен шест месеци, а потоа може да се пресели во други градови. Цената на влезницата ќе биде од 15 до 29 евра за посета од 90 минути. Nofilter_museum се приклучува на големиот број такви установи ширум светот кои ги таргетираат корисниците на социјалните мрежи и Instagram „манијаците“ чија цел е да направат совршени фотографии и потоа да ги објават. Голем број инфлуенсери од Instagram веќе се заинтересирани за посета на музејот.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!