18.5 C
Skopje
понеделник, октомври 14, 2019
Почетна Што прави светот? Астронаутите по прв пат успеаја да одгледаат говедско месо во вселената

Астронаутите по прв пат успеаја да одгледаат говедско месо во вселената

Kabtel desktop

По прв пат астронаути успешно одгледаа говедско месо во вселената со помош на 3Д пиопринтер. Говедските клетки земени од Земјата беа транспортирани до Интернационалната вселенска станица пред да ги одгледаат до мускулно ткиво за да креираат мала лента стек.

Експериментот го предводеше компанијата 3D Bioprinting Solutions и на 26 септември клетките обезбедени од компанијата Aleph Farms беа биоиспечатени во структура со мускулно ткиво. Природната регенерација на ткивото потоа била поттикната со имитирање на условите во телото на говедата.

Озгледувањето се случувало во услови на микрогравитација во рускиот дел од вселенската станица, на 399 км од зеленилото на Земјата. Оваа техника ќе може да се користи за да се одгледува месо за исхрана на тие што живеат на станицата. Компанијата Aleph Farms успешно одгледа говедско месо на Земјата во декември минатата година. Тие велат дека сакаат да го подобрат вкусот на така одгледаното месо.

Овој напредок може да стави крај на месната индустрија каква што ја познаваме и да се отстранат проблемите со загадувањето кои моментално се врзуваат со сточарството.

„Ние докажуваме дека вештачки култивираното месо може да се произведе секаде, во секое време и во секакви услови. Во вселената ние немаме 10.000 или 15,000 литри вода за да произведеме 1 кг месо. Овој заеднички експеримент е многу битен прв чекор кон остварување на нашата визија за обезбедување храна за сите идни генерации додека истовремено ги зачувуваме нашите природни ресурси“ велат од Aleph Farms.

Kabtel golem pod glavno menu 14.10.2019
Сподели!
  •  
  •  
Сподели!
  •  
  •