10.9 C
Skopje
четврток, ноември 21, 2019

Џек Ма пред пензионирањето подготвил стратегија Алибаба да трае уште најмалку 120 години

Kabtel desktop


Џек Ма уште во 2009 година знаел кога ќе отиде во пензија и изминатата деценија подготвувал стратегија која треба да обезбеди долговечност на компанијата.

Со голема забава, гитара и по некоја солза, Џек Ма во септември ја заврши својата кариера на лидер на компанијата која ја основаше, Алибаба. Пензионирањето го најави уште пред една година, а на неодамнешното гостување на конференцијата на Forbes во Сингапур откри некои непознати детали врзани за неговото пензионирање, како и долгорочните планови за Алибаба.

За пензионирањето тој почнал да размислува уште пред 15 години, кога еден инвеститор му рекол дека не е квалификуван за извршен директор, а со подготовките почнал во 2009 година. Тогаш Алибаба имала 10 години и тој тогаш знаел дека неговото повлекување ќе биде на 20-годишнината од основањето на компанијата.

Иако тој бил заштитно лице на компанијата, пред 10 години почнал да прави стратегија за “преживување“ на Алибаба најмалку 120 години. Со оглед на тоа дека компанијата е основана 1999 година, стратегијата е нејзината историја да се протега во три векови. За да се постигне тоа, компанијата не смее да се потпира само на една личност и и на харизмата на нејзиниот основач, туку е потребен „систем кој цени и поттикнува нови начини на размислување и работа“.

„Никогаш не треба да имате уште еден лидер како Џек Ма. Еден Џек Ма е премногу за компанијата“, рече тој за време на прес-конференцијата. Наместо воздигнување на тој лидер, во изминатите десет години во Алибаба израсна систем со силно водство кој може да создава, произведува, истражува и да едуцира нови лидери.

Создавањето на таков систем, меѓу другото, опфаќал изучување на Декларацијата на независноста на САД, системот на британскиот парламент и политичкиот систем на римската република, размислување и “борба“ за визија , мисија и вредности на компанијата.

Новите бизнис победи на компанијата ќе ги предводи неговиот наследник и новиот CEO на Алибаба, Даниел Занг кој ќе продолжи со развива таква лидерска култура.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •