Идеалната работа од дома – британска компанија бара некој што ќе носи папучи по дома и за тоа ќе добие 5.000 долари

- Advertisement -

Замислете дека мора по цел ден да носите папучи и за тоа да заработите околу 5.000 долари? Одлично. Компанијата Bedroom Athletics на своите профили на социјалните мрежи објави натпревар во кој бара неколкумина кои ќе ги тестираат нивните папучи и за таа „работа“ ќе добијат пари.

Ова е веројатно работа од соништата за многумина – да одите по дома и да заработите околу 430 долари месечно. Од луѓето што ќе ги тестираат паучите се бара да ги носат минимум 12 часа дневно. Договорот трае 12 месеци и секој месец тестерите ќе добијат нови папучи за да ја тестираат нивната ефикасност. Тоа значи дека „вработените“ ќе добијат околу 5.000 долари за една година.

- Advertisement -

„Да се биде платен за носење папучи за некого можеби изгледа како небитна работа, но за нас е многу важно нашите производи да бидат удобни за носење. Затоа, веруваме дека т.н. тестери за папучи ќе бидат од голема важност во нашиот тим за стекнување увид и повратни информации за унапредување на нашите папучи“ се вели во соопштението на директорот на компанијата Bedroom Athletics.

Пријавите за оваа „работа“ се примаат до 18 ноември, па сите заинтересирани треба да побрзаат да не ја пропуштат оваа прилика.

Сподели!
- Advertisement -