10.9 C
Skopje
четврток, ноември 21, 2019

Првиот вселенски хотел ќе ги отвори своите врати во 2025 година

Kabtel desktop

За шест години отсега околу Земјата веројатно ќе кружи првиот вселенски хотел, односно најголемата вселенска структура која ја направиле луѓето. Такви амбициозни планови имаат од компанијата Gateway Foundation, приватна компанија во која веќе делумно се разработени плановите и дизајнот на Von Braun Rotating Space Station, вселенска станица и хотел кој ќе го носи имато по Вернхер фон Браун, ракетен експерт кој работел во нацистичка Германија, а после војната се преселил во САД, каде што продолжил да работи на својата ракетна програма.

Според главниот архитект на хотелот, Тимоти Алаторе, во таа вселенска структура сакаат да направат простор за дури 450 луѓе, кои таму би спиеле, би живееле, би работеле, а таму би се одржувале и јконцерти, изложби и сл. Се разбира, тоа би било и место за вселенски истражувања и експерименти, но во него би престојувале и туристи од Земјата, кои сакаат да видат како изгледа животот во вселената и секако, кои можат да си го дозволат тоа. Понатаму, како и секој друг хотел, и овој би имал ресторани, кафулиња и места каде што може да се спортува.

Ротациската станица со намалување или зголемување на ротaцијата би ја менувала гравитацијата. Нејзиниот дизајн е инспириран делумно од Фон Браун, но и од некои други научниви, како и од научно-фантастичните филмови и серии во текот на последните 50 години.

Архитектот Алаторе верува сека хотелот ќе биде достапен за просечните луѓе кои со разумно штедење би можеле да заштедат доволно пари за патување на Von Braun Rotating Space Station, каде што би можеле да се задржат неколку дена или неколку недели.

Од Gateway Foundation се надеваат дека до 2025 година би била готова главната структура на станицата и дека ќе ги има основните функции, но дека целосно би била довршена до 2027 година.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •