0.3 C
Skopje
понеделник, декември 16, 2019

На корисниците на мобилни телефони во Кина од денеска им се скенираат лицата

Kabtel desktop

Во Кина почнувајќи од денес на секој корисник на мобилен телефон ќе му се скенира лицето затоа што властите сакаат да го проверат идентитетот на повеќе стотини милиони корисници на интернет. Кина веќе со години се обидува да воведе прописи за да се осигура дека сите кои користат интернет тоа го прават користејќи го своето вистинско име.

Владата соопшти дека сака да ги заштити легитимните права и интереси на граѓаните во сајбер просторот. Кина веќе користи технологија за препознавање лице со цел следење на населението. Земјата е светски лидери во технологиите од овој тип, но се поголемата употреба на тие технологии последните години поттикна остра дебата.

При купување или регистрација на нов мобилен телефон или друг уред кој содржи мобилни податоци Кинезите мора да покажат лична карта и мора да се фотографираат. Меѓутоа, тие отсега ќе мора и да го скенираат лицето за да се утврди веродостојноста на фотографијата во личниот документ.

Суштината е владата да може да ги идентификува корисниците на мобилни телефони со што се елиминираат анонимните телефонски броеви и интернет сметки, а со тоа се зголемува сајбер безбедноста и се намалуваат измамите на интернет. Најголем дел од корисниците во Кина влегуваат на интернет преку мобилен телефон.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •