0.4 C
Skopje
недела, јануари 19, 2020

ВИДЕО: Oваа машина го претвора отпадот од фармите во гориво за домаќинствата

Kabtel desktop

Оваа револуционерна иновација го претвора отпадот од фармите во гориво за домаќинствата. Таа ги трансформира нуспроизводите од фармите со непријатен мирис во енергија за луѓето од целиот свет.

Компанијата Sistema.Bio инсталира вакви машини на фарми низ целиот свет. Уредот за биодигестија го прима отпадот и го претвора во енергија. Фармерите од целиот свет секојдневно произведуваат тoни отпад. Тој отпад доаѓа од земјоделството и од сточарството и освен што за нив е голем проблем, претставува и закана по човештвото и за целата планета затоа што испушта стакленички гасови метан и нитратен оксид.

Овие машини им помагаат на фармерите да го намалат отпадот и да се борат против климатските промени. Биодигестивниот систем, всушност, е многу едноставен. Можеме да го замислиме како стомакот на една крава. Внатре во него влегуваат суровини, а бактериите ја вршат целата работа. Најстарата форма на живот во светот е едноклеточна бактерија кој се развила пред да постои слободен кислород. Таа живее во таквите средини и го разложува органскиот отпад. Единствениот нуспроизвод на процесот е гасот метан, кој се заловува и преку многу едноставен гасовод се спроведува до домовите на луѓето за готвење или може да се однесе до некој мотор за да се произведе механичка или електрична енергија.

Во тој случај нуспроизвод се истите тие органски материи, но во најосновна форма разложени до суровини кои може да се користат како ѓубриво. Малите фармери во светот произведуваат околу 80% од храната која се консумира во земјите во развој. Но, многумина од нив немаат пристап до едукација или технологија. Sistema.bio може да постави едена машина за биодигестија за помалку од еден ден и најдобро е тоа што работат во целиот свет. Најпрвин работеле во Мексико, земја која е совршена лабораторија со различни клими, различни видови фарми.Таму сфатиле дека можат да работат во целиот свет.

Земјите во развој се доминантно земјоделски. Таму има околу 400 милиони фармери или 2 милијарди луѓе кои се занимаваат со земјоделство. Тоа е еден од тројца луѓе во светот. Овие машини можат радикално да го сменат синџирот на исхрана, начинот на кој се оплодува почвата и на кој се напојуваат домовите со енергија.

This cutting-edge invention turns farming waste into fuel for homes

A great idea and wonderful innovation!🔎 Learn more about the 2019 Social Entrepreneur awards: https://wef.ch/2kv0wKC Schwab Foundation for Social Entrepreneurship

Posted by Video – World Economic Forum on Петок, 06 декември 2019

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •