0.4 C
Skopje
недела, јануари 19, 2020

Пожарите во Амазонијa го забрзаа топењето на ледот на Андите

Kabtel desktop

Пожарите во амазонските прашуми веројатно го забрзаа топењето на ледот на Андите, потенцијално загрозувајќи го снабдувањето со вода за десетина милиони луѓе, објавија научниците. Сликите од хоризонт преполн со чад над пожарите без контрола ширум Aмазонија беа на насловните страници ширум светот.

Пожарите се подметнувани за земјоделците да создадат пасишта за стоката или полиња за садење, а уништувањето на шумите кое резултира со исушување на тие подрачја дополнително го забрзува ширењето на пожарите. Тоа зема најголем замав изминатите десет години.

Тим од научници во Бразил го проучувал делувањето на чадот од пожарите на ледот на Андите. Ветровите ги пренесуваат честичките од пепел на стотина километри и овозможуваат да се наталожат во снегот и ледот.

Со проучување на моделите на пожарите од 2007 до 2010 година, кога достигнаа кулминација, тимот научници утврдиле дека аеоросолите кои настануваат со согорувањето можат да го забрзаат топењето на ледот така што ќе ја потемнат површината на ледот и ќе ја намалат способноста да ја рефлектираат сончевата светлина. Загадувачите како црниот јаглен и прашината се заробени во горните слоеви од ледот и поради потемната површина се забрзува нивното топење до 14%.

Повеќе од 75 милиони луѓе зависат од ледот на Андите, што значи дека сезонското топење е клучно за синџирот за снабдување со храна. Забрзаното топење може да ги скрати сезоните за одгледување на посевите, да ги ограничи распооложливите количини питка вода и да доведе до судири поради намалените извори.

Обединетите нации предупредуваат дека годишно на Андите се губат 280 милијарди лед и придонесуваат со 35% за покачување на нивото на морињата. Најголеми размери на уништување на Амазонија се забележани во 2008 година, кога биле исечени 12.287 квадратни километри прашуми за 12 месеци.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •