Рационалното размислување ќе стане жртва на климатските промени, покажа едно најново истражување. Истражувањето покажа дека поради се поголемата количина јаглерод диоксид во воздухот, во иднина ќе се намалува капацитетот на луѓето да размислуваат јасно.
Резултатите покажуваат како лошата вентилација внатре во просториите и покачувањето на нивото на СО2 ќе ги намалат способностите на луѓето да прават ментални задачи. Човечката когнитивна способност ќе забележи пад поради се поголемата концентрација на CO2, велат истражувачите и додаваат дека е неизбежно директното влијание на овој стакленички гас врз нашето ментално здравје.
Некои претходни истражувања потврдија дека воздухот кој циркулира и регулирањето на количината CO2 во една просторија може да ги намали ефектите на CO2, но поновите студии покажуваат дека во иднина тоа би ги влошило последиците.
Научниците истражувале како влијае покаченото ниво на CO2 врз учениците во една училница во зависност од бројот на ученици, големината на училницата, како и вентилацијата. Исто така, користеле два различни климатски модели – првиот со намалени вредности на СО2, а другиот во услови кога продолжува емисијата на СО2 и во иднина.
Моделот во кој се земале помали вредности на СО2, научниците предвидуваат намалување на конгитивните способности во наредната деценија за 25%, додека во тој со поголема емисија се предвидува намалена когнитивна способност за 50%.
Иако и претходни истражувања покажале корелација помеѓу функцијата на мозокот и CO2, не е познато зошто гасот влијае на нашиот мозок на тој начин. Од друга страна, научниците потенцираат дека може да се избегне сето тоа ако се направат вистински напори да се намали емисијата на овој стакленички гас и да се стопираат климатските промени.