-2.2 C
Skopje
четврток, јануари 27, 2022

Домашни уметници претворија катна гаража во галерија

Kabtel desktop

Во катната гаража „26-ти Јули“ беше отворена „Skopje street art graffiti gallery 2“, каде Скопје доби уште едно ново урбано обележје.

Новата галерија има дела на 13 домашни ликовни уметници и артисти од полето на урбаната уметност, коишто твореа во организација на Младинскиот културен центар и Град Скопје.

На ѕидовите на катната гаража се наоѓаат делата на: Андреј Павлов, Блаже Атанасков, Владимир Илиевски, Владимир Милиќ, Гоце Илиевски, Дејан Давчевски, Драган Китановски, Ивана Мојсовска, Ирина Атанаскова – Цоневска, Максим Димитров, Марјан Димиќ, Марко Вујисиќ и Тамара Забазноска.

Галеријата е дел од проектот CreArt (Network of Cities for Artistic Creation), кој претставува мрежа на 12 партнерски градови и институции, а се реализира во рамките на програмата Креативна Европа.

(Извор – Радио МОФ)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!