Се зголеми лимитот за плаќање во готовина од 500 на 3.000 евра

- Advertisement -

Согласно последните измени во Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, сега за сите граѓани кои сакаат во готовина да платат поскапи стоки и услуги, лимитот е поместен до три илјади евра.

Последните денови од минатата година, по скратена постапка пратениците ги изгласаа законските измени, по предлог на група пратеници од ДУИ и СДСМ.

- Advertisement -

„Вака утврдената одредба во периодот од нејзината примена од 1 јуни 2019 година до денес  предизвика ограничувања за голем број на граѓани, кои  согласно со  своите потреби правото за  плаќања со готовина за стоки и услуги за износ поголем од 500 евра во денарска противвредност  не можат  искористат заради ограничувачката одредба која наметнува дополнителини обврски за граѓаните.

  Заради ограничувачкиот законски износ во многу секојдневни ситуации со кои се судираат граѓаните потребна е предметната измена на законот  и нејзино усогласување со правните прописи за вршење на готовински плаќања со земјите од Европската Унија како што се: Белгија, Италија, Унгарија, Чешка, Полска, Латвија, Словенија и други. – стои во предлогот на пратениците.

- Advertisement -

Прв на социјалните мрежи се пофали пратеникот од редовите на ДУИ Артан Груби, тој на својот ФБ профил напиша:

„Собранието усвои уште едно наше ветување до Дијаспората и домашните стопанственици прифаќајки ја нашата иницијатива за промена на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам.„

- Advertisement -

-Износот досега се намали неколку пати. Сумата првично беше на 15 илјади евра, потоа власта ја намали на 2 илјади евра, па на илјада, за на крајот во јуни лани  – одлуката за дозволено плаќање во кеш да е максимална сума од 500 евра.

„Утврдената одредба, во периодот од нејзината примена од 1 јуни 2019 година до денес, предизвика ограничувања за голем број на граѓани кои согласно со своите потреби, правото за плаќања во готовина за стоки и услуги за износ поголем од 500 евра во денарска противвредност не можат да го искористат заради ограничувачката одредба, која наметнува дополнителини обврски за граѓаните. Поради ограничувачкиот законски износ, во многу секојдневни ситуации со кои се судираат граѓаните потребна е предметната измена на Законот и нејзино усогласување со правните прописи за вршење на готовински плаќања со земјите од Европската Унија како што се Белгија, Италија, Унгарија, Чешка, Полска, Латвија, Словенија и други“, се вели во образложението на пратениците.

Измените на Законот ќе стапат на сила со објавувањето во Службеник весник.

Ограничувањето на износот за плаќање во готовина се одржа само половина година. Измените се направија во време кога министер беше Драган Тевдовски. Бизнис секторот бурно реагираше на одлуката велејќи дека на тој начин ќе им се намали прометот, но токму намалувањето на прагот беше еден од клучните владини адути во борбата против сивата економија.

Сподели!
- Advertisement -