7 C
Skopje
петок, февруари 21, 2020

Михаил Стевчев: со уникатниот концепт за садење дрво со секоја Booking резервација, Treebanks годинава ќе сади 500 дрвја секој месец

Kabtel desktop

Уникатниот концепт Treebanks за една година обезбеди над 1.300 нови дрвја кои беа засадени на повеќе локации низ земјава, а минатиот викенд се пошумуваа и голините покрај езерото „Младост“ во Велес, кои настрадаа во катастрофален пожар. Еколошките заложби и идеи на тимот на Treebanks не застануваат кај садењето дрвја. Тие новогодишните празници ги искористија како повод за промоција на уникатен модел на циркуларна економија, преку искористување на стари дрвени врати за изработка на лампиони.

Кои се амбициите на Treebanks во новата 2020 година, за „Иновативност“ зборува првиот човак на компанијата, Михаил Стевчев. Нивната цел не е за потценување, во 2020 сакаат да садат до 500 дрвја месечно!

Разговараше – Сања Наумовска

Михаил, Treebanks е една од најуспешните приказни кои во 2019 година беа промовирани преку Иновативност. Имаше ли влијание нашата приказна во свртувањето на вниманието на јавноста кон вашиот уникатен концепт?

Кога некоја идеја допира до етерот често знае да биде разводнета од секојдневието. Секоја стартап компанија (идеја) во зародиш неминовно зависи од медиумското присуство. Во рана фаза медиумското присуство и ја дава иницијалната валидација и почетниот кредибилитет на компанијата, посебно во случај кога основачите не и се познати на јавноста. 

Јас лично верувам во поврзаност на настани, секоја акција е потенцијлна врска до нов почеток/авантура. Објавата на приказната за Treebanks на Иновативност не стави во листата на компании кои се борат за животната средина. Инспирираше нови интервјуа и покани на настани каде учествувавме како компанија која работи во сферата на социјалното претприемништво. Статијата се уште е најсподелуваниот линк на нашата фејсбук фан страница. 

Покрај медиум како што е „Иновативност“, сметам дека и конвенционалните медиуми мораат да воведат рубрика во која ќе известуваат за случувањата од стартап сцената со цел да ја мотивираат јавноста да ги поддржува македонските компании во зародиш. 

Концептот Treebanks беше промовиран на почетокот на минатата година. Од сегашна перспектива, колку сте задоволни од резултатите?

Задоволни сме од резултатите што ги постигнавме во 2019 година. Песимистичката претпоставка за број на дрвја што треба да се засадат ја имаме постигнато преку филијален маркетинг. Со воведувањето на Treebanks маичката и сетот Treebanks лампиони се приближивме до оптимистичката претпоставка. Пред нас е голем предизвик. Во 2020 сакаме да дојдеме до 500 дрвја за садење месечно. Искрено се надеваме дека нашите поддржувачи (клиенти) ќе почнат од јануари да ги резевираат своите зимувања почнувајки од нашата веб страница. 

Колку дрвја беа засадени преку акцијата со booking.com? Се вклучија ли нови компании, колку акции организиравте и каде?

Го завршивме Македонија2025 самитот со мала акција за садење на Водно, засадивме 100 дрвја. Реализиравме акција за садење на дрвја во Охрид, каде што ги засадивме 100-те дрвја што ги собравме на нашиот прв натпревар. Годината ја завршуваме со акција за садење во Велес околу Езерото Младост. 2019 година ја испративме со 1.393 засадени дрвја. 

Дел нашиот успех се должи и на партнерствата што ги остваривме во изминатата година. Почнавме со Су хотел од Охрид, продолживме со Македонија2025, организацијата Арно, а од информатичкиот сектор не поддржаа Полар Кејп и Адева. Моментално имаме активен натпревар со Ресорт Маврово. Супер соработка имаме со Горјан и МојВоздух. Дополнително имаме активни преговори со други компании и се надеваме дека за брзо време ќе имаме и интернационални партнери. 

Изминатиот викенд имаше голема акција во Велес. Колку дрвја беа засадени?

Како што ветивме во кампањата “September for Veles” ќе ги засадиме сите дрвја што ги имаме собрано до денот на акцијата. Ќе засадиме 720 дрвја на локација околу езерото „Младост“, која настрада во пожарите.

Неодамна промовиравте и една новина, со која ја продолжувате вашата еколошка приказна, дрвени лампиони направени од стари врати. Од каде идејата?

Приказната со Treebanks лампионите почна сосема случајно. Еден жежок, августовски ден, на кафе муабет дискутиравме како некои артисти/дизајнери имаат направено нови пазари кои не постоеле до сега, а од друга страна на одредени панели слушавме како социјалното претприемништво и циркуларната економија се тешки за имплементирање. Целта беше да покажеме дека со креативност можат да се надминат одредени проблеми.
Новогодишните празници поточно елката ни изгледаше како интересен прокт бидејќи секоја година секој од нас се труди да додаде нов украс на неговата елка, и секоја година бараме нешто интересно за закачување. Идејата за лампионите е новогодишната елка (што сама по себе е дрво) со нашите лампиони да ја претвориме во амбасадор на нашата кауза за садење дрвја. Во моментот на размислување секој имаше различна идеја за што би можело да биде Treebanks лампион. Старата врата како можност за материјал дојде од мојата желба да си направам работна маса од стара врата. Кафе муабетот го завршивме со интересна идеја што не знаевме дали ќе ја реализираме. 

На кратко, многу случајно најдовме врата која можевме да ја искористиме и идејата за лампионите стана јаве. Првата верзија на дизајнот за едниот од лампионите го направив на пат за WebSummit, беше премногу сложен, па го поедноставивме. Невен ја искористи формата и направи кружна верзија. Првиот прототип го направивме од хартија за да ја одредиме големината. Направивме неколку прототипи од материјалот од врата, експериментиравме со различни видови на конец. Со целиот овој процес успеавме да собереме 100 дрвца за садење и да ја накитиме нашата виртуелна Treebanks елка. 

Што да очекуваме во 2020 година? Имате ли нови иновативни идеи?

Во 2019 јa докажавме хипотезата дека Treebanks функционира, филијален маркетинг може да се искористи за поддржување на кауза во Mакедонија. Предизвик за 2020 година е да докажеме дека можеме да скалираме до 500 дрвја за садење месечно. 

Голема е веројатноста повторно да кокетираме со стари врати. Се надеваме дека во 2020 ќе почнеме и со тестирање на еден продукт кој веќе една година ни стои во фиока како идеја.  

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •