Sony го претстави фантастичниот електричен автомобил, Sony Vision-S!

- Advertisement -

Кога станува збор за компанијата Sony,  главно се поврзува со технологија, со TV уреди, Vaio лаптопи и PlayStation конзолите, но технолошкиот и електронсиот гигант од Токио на годинешниот Consumer Electronic Showu во Лас Вегас подготви големо изненадување – го претстави својот електричен автомобил  Vision-S…

Vision-S e електричен автомобил со елегантен дизајн што има напреден систем за автономно возење.

- Advertisement -

Моделот со својот лик потсетува на Porsche Taycan и Lucid Air, a креиран е пред се со цел  Sony да ги демонстрира своите можности на полето на технологијата на автономно возење за автомобили.

Инаку, Vision-S e произведен во соработка со компаниите Nvidia, Continental, Bosch, ZF и Qualcomm, располага со 33 сензори што детектираат луѓе и предмети не само вон автомобилот, туку и во него.

- Advertisement -

Назад се индивидуални седишта, a автомобилот добил и голем панорамски покрив .

Од Sony не ги откриваат техничките спецификации на автомобилот, но соопштија дека го задвижуваат два електромотори што развиваат моќ од вкупно  268 KS и му овозможуваат забрзување од 0 до 100 km/h за 4,8 секунди и максимална брзина од 240 km/h.

- Advertisement -

На арматурната плоча има екрани помеѓу кои се и тие во аглите што покажуваат тоа што го снимаат камерите што ги заменуваат страничните ретровизори.

Од Sony велат дека Vision-S е опремен со 360 Reality Audio систем што овозможува совршен звук, a некои звучници се интегрирани и во седиштата.

Компанијата од Јапонија во развој на платформата на електричниот автомобил  соработувала и со Magna Steyr.

(Извор – avtoklub.mk)

Сподели!
- Advertisement -