7.6 C
Skopje
сабота, февруари 22, 2020

Нов ИПАРД оглас за инвестиции во производство и преработка на млеко и месо

Kabtel desktop

Платежната агенција објави нов оглас за средставата од ИПАРД 2 програмата. Сите земјоделци и агробизнисмени што сакаат да конкурираат за инвестиции за преработка и производство на млеко, месо и нивни производи, вклучувајќи јајца и живина, потоа овошје, зеленчук, житарици и вино, можат да ја испратат потребната документација за аплицирање на повикот.

Заинтересираните ќе може да набават машини, опрема за преработка на земјоделски производи од растително и животинско потекло, како и да градат нови или реконструираат постоечки објекти и производствени капацитети, за унапредување на домашниот агро – сектор и достигнување на европските стандарди.

Барањата се доставуваат до платежната агенцијата, а средстават се обезбедени од ИПАРД 2 Програмата.

Барателите ќе можат да аплицираат за поврат на 50 проценти од прифатливите трошоци за реализираната инвестиција. Целта е да се создадат услови за развој на малите и средни претпријатија како важен фактор за раст на домашната економија и пласман на домашните земјоделски производи во странство. Последниот ден за поднесување на барањата е 11-ти февруари 2020-та година.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •