10 C
Skopje
понеделник, февруари 24, 2020

За прв пат воведена наградата за задоволство на купувачите во Југоисточна Европа

Kabtel desktop

Компаниите кои спроведуваат активности за зголемување на задоволството на купувачите, своите CX иницијативи можат да ги пријават до 7 февруари и да влезат во трка за првите SOUTH EAST EUROPE CUSTOMER EXPERIENCE AWARDS. Овие награди се најголемиот настан од ваков вид на светско ниво. Најдобрите ќе бидат избрани во транспарентен процес на оценување, од страна на независни судии. Најголемиот дел од презентациите на иницијативите ќе бидат отворени за посетители, со што ќе претставуваат и еден вид конференција со едукативен карактер.

„Нашите награди ширум светот играат значајна улога во областа на искуство на потрошувачите. Воведувањето на оваа награда има иста цел- да ги препознаеме и да им оддадеме признание на оние компании кои се истрајни во намерата да го унапредат искуството на потрошувачите и своите купувачи да ги стават на прво место“- истакнуваат од Awards International, организатор на наградите. Компанијата, со седиште во Белград,  реализира свои конференции и настани во Велика Британија, Соединетите арапски емирати, Холандија, а отсега и во Југоисточна Европа.

Заинтересираните, своите иницијативи може да ги пријават онлајн на https://seecxa.com/enter-now. Финалето и свечената церемонија на доделување на наградите ќе се одржи во четврток, 29 мај оваа година, во Белград.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •