0.5 C
Skopje
среда, април 1, 2020

Германскиот суд и забрани на Тесла да ја сече шумата за да изгради фабрика

Kabtel desktop

Германскиот суд и забрани на компанијата Тесла да ја сече шумата на чие место треба да биде отворена фабрика во која во иднина треба да бидат вработени 12.000 работници.

Судот во Германија нареди „Тесла“ да ги прекине подготовките за изградба на својата голема европска фабрика. Активисти за животна средина во Германија го кренаа својот глас против намерата на овој производител на автомобили да уништи дрвја за да ја расчисти површината за својата нова фабрика во Бранденбург, пренесува Танјуг, повикувајќи се на американски медиуми.

Компанијата сè уште не добила дозвола за планирање за изградба на својата нова „гигафабрика“, но државната агенција за животна средина и дала зелено светло за да расчисти 92 хектари пошумено земјиште.

Тесла сепак, претрпе удар откако Врховниот суд за правда во Берлин и Бранденбург соопшти дека ќе ја разгледа тужба од локална група активисти за животна средина на Зелената лига, Бранденбург, кои се спротивставуваат на уништувањето на шумите.

Судот му нареди на Тесла да ја прекине сечата, која веќе започна и би била завршена за само три дена.

Тесла и локалните власти имаат до пладне во вторник да одговорат со жалба на пресудата на судот, објави на Твитер министерот за економија на Бранденбург, Јерг Штајнбах.

Тесла не коментираше директно за судската наредба, но компанијата детално ја опиша на својата веб-страница својата заложба за „пошумување на површина три пати поголема од фабричката површина, со разни дрвја.

Компанијата купи 300 хектари земјиште во општината Груенхејд, планира да започне со градбата оваа година, а потоа и со производство на 10.000 парчиња од својот модел SUV model Y во 2021 година. Најавено е дека ќе вработи 12.000 луѓе во Германија.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •