1.3 C
Skopje
среда, април 1, 2020

Магија на мраз денеска и утре во Скопје

Kabtel desktop

Љубителите на уметничкото лизгање ќе имаат можност да присуствуваат на вистинска магија на мраз на четвриот Меѓународен натпревар во уметничко лизгање Skopje on Ice, кој ќе се одржи денеска и утре на лизгалиштето во СЦ Борис Трајковски.

Свеченото отворање е закажано денеска во 19:15 часот, со музички настап на Кристина Арнаудова и презентација на вештините на мраз на најмладите учесници на натпреварот. Натпреварувачкиот дел стартува во 19:30 часот, и тоа во категориите интерпретации А, Б и Ц (рекреативни категории), како и најмалата спортска категорија кадети Ц. Утре, настапите започнуваат во 7:30 часот. Највозбудливиот дел ќе следува со почеток во 10:00 часот, кога на мразот ќе излезат учесниците од земјава и од странство, кои ќе се натпреваруваат во меѓународно признатите категории – младинци, јуниори и сениори. По завршувањето на натпреварувачкиот дел, ќе бидат прогласени победниците во сите категории меѓу кои и националните прваци за 2020 година. 

Организатор на Skopje on Ice е Федерацијата за лизгачки спортови на Северна Македонија.Влезот за сите посетители на двата натпреварувачки дена е слободен.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •