0.5 C
Skopje
среда, април 1, 2020

Иван Аџи – Крстев ја креираше ЕМБРИ, апликација која го предвидува успехот на ин-витро оплодувањето!

Kabtel desktop

Иван Аџи – Крстев e вљубеник во технологијата. Овој млад човек кој има девет годишно работно искуство во светот на информатичките технологии, вели дека технологијата денес нуди толку големи можности што може да направите било што!
Во светот на големи можности Иван реши своите знаења во сегментот на вештачка интелегенција да ги претвори во корисен проект, апликација која помага во ин-витро оплодувањето!

„Повеќе од четири години се занимавам со вештачка интелигенција, проекти за визуелно детектирање и проекти за предвидување и тоа искуство ми помогна да го креирам EMBRY“, вели Аџи – Крстев кој за Иновативност ни раскажа за овој интересен проект, кој искрено се надеваме ќе им помогне на многу семејства да добијат потомство.

Разговараше – Верица Јорданова

Што всушност е EMBRY и како се роди идејата во ИТ компанија да се развива решение врзано за медицина?

Проектот е приватен и го започнавме со Мимоза Аџи – Крстева, ембриолог во Њу Борн Клиник во Скопје и лидер за ин витро процесот. Првично почнавме со детектирање на зрели јајце клетки, подоцна на ембриони и сега навлегуваме во детали и квалитетот на клетките и ембрионите. Слободното време стално го исполнувам со некој проект од мојата област.

Во глобални рамки, сведоци сме дека вештачката интелегенција зема огромен пораст во медицината. Се докажа и многу корисна во ин витро третманот. Предвидување на рак однапред 5 години е еден од поголемите проекти кои направија вистински пресврт во медицината.

Како функционира апликацијата и каде и колку долго се применува истата во пракса?

ЕМБРИ е апликација која им помага на ин витро центрите да го предвидат успехот или да бидат по прецизни во самиот процес.

Самата апликација го следи целиот ин витро процес, со што се запишуваат податоци и детали за пациентите како што се: причината за ин витро, возраста, бројот на обиди, квалитетот на јајце клетките и на сперматозоидите и детали за крајниот чекор, ембрионите и уште многу други.

Дел од овие важни податоци се земаат преку дополнителниот модул или алатка кој првично ја развив пред ЕМБРИ наречена CEMBRY. Алатката ја користи камерата од микроскопите и инкубаторите со цел да го детектираат развојот и квалитетот на јајце клетките, сперматозоидите и ембрионите.

Сите овие и повеќе податоци како и сликите од CEMBRY, се запишуваат и влегуваат во ЕМБРИ со цел да се искалкулира и предвиди успехот, кој како резултат е изразен во проценти.

Ваквата технологија може да го подигне успехот на ин витро на некоја повисоко ниво, а воедно и да го намалат бројот на обиди кај пациентите

Постојат ли други вакви апликации и по што вашата се разликува од останатите? Кои се клучните предности на ЕМБРИ?

Постојат и други слични апликации во оваа област кои работат само со крајниот чекор. За разлика од нив, ние го опфаќаме и анализираме целиот процес на ин витро, од почеток до крај.

Со примена на ваквиот метод се добиваат големи предности. Детектирањето им овозможува на ембриолозите да го увидат квалитетот на клетките и да бидат попрецизни во изборот на квалитетен ембрион.

Ваквата технологија која им е дадена на ембриолозите, може да го донесат успехот на ин витро на некоја повисоко ниво а воедно и да го намалат бројот на обиди кај пациентите.

Со примената на ЕМРИ воедно можеме да ги намалиме и трошоците не само на пациентите, туку и на државата која што ги плаќа првите три обиди за ин витро.

Исто така можам да го одвојам и делот за истражување. Со ваквата апликација може да се истражуваат и прават дополнителни анализи со цел да се детектираат други проблеми врзани за оваа проблематика, за кои би барале нови решенија.

Во која фаза од развој е апликацијата и што понатаму?

Апликацијате е во фаза на комплетирање и до крајот на овој месец, евентуално почеток на март ќе биде целосно пуштена во една од нашите клиники во Скопје за ин витро, Њу Борн клиник. Работиме и на зголемување на опсегот на податоци кои ги анализира апликацијата, со веќе постоечки од други клиники кој се јавно достапни на интернет и верифицирани.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •