21 C
Skopje
недела, јули 5, 2020

Германски супермаркети тестираат амбалажа која се јаде за да се намали пластичниот отпад

Kabtel desktop

Германските синџири супермаркети Edeka и REWE ја предводат борбата против пластичната амбалажа и тестираат нов начин на пакување на овошјето и зеленчукот. Соработуваат со различни интернационални компании и сакаат да ја заменат пластичната амбалажа со тенки заштитни фолии кои исто така може да се јадат.

Заштитаната фолија која ја корист Еdeka е производ на американската групација Apeel Sciences и нема вкус и мирис, а е целосно направена од остатоци од овошје и зеленчук, од нивната лушпа, семето или пулпата. Оваа обвивка го забавува губењето на водата и спречува навлегување на кислород, па така продуктите остануваат свежи трипати подолго. Засега новата амбалажа се тестира на авокадо во одредени маркети.

REWE, пак, користат своја заштитна фолија за авокадо. Нивната е направена од природни шеќери, целулоза и растителни масла, а е производ на британската компанија AgriCoat NatureSeal. Групацијата REWE најави дека авокадото со новата заштитна обвивка ќе се продава во 860 REWE и Penny супермаркети почнувајќи од неделава.

Новата заштитна амбалажа нуди предности за сите кои се вклучени во процесот на купување и продавање овошје и зеленчук. Корисниците добиваат продолжена свежина, а продавачите имаат многу помалку отпад од храна. Досега заштитната фолија се користи само на овошје и зеленчук со лушпа која не се јаде, но се планира да се користи и на други производи во иднина.

Apeel Sciences веќе има развиено 30 рецепти за амбалажа за различни видови овошје и зеленчук, вклучувајќи и јагоди, домати и пиперки. Според Edeka, веќе се подготвуваат да поднесат апликација со Европската комисија.

Со новата заштитна амбалажа ќе се намалат 12 милиони тони отпад од храна во Германија на годишно ново, затоа што еден просече Германец фрла по 85 кг отпад од храна годишно.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •