2.9 C
Skopje
понеделник, март 30, 2020

Скокна продажбата на „сапуни“ за мобилни телефони

Kabtel desktop

Продажбата на „сапуни“ за мобилни телефони скокна поради стравот од корона вирусот, а производителите тврдат дека „сапунот“ е ефикасен во убивањето на новиот вирус, од кој стравува целиот свет.

Што и да допрете со раце – храна, бактерии, прашина – можете да го пренесете на својот мобилен телефон и така од него да направите чувар на бактерии. Бидејќи бројот на заболени од корона вирусот се зголемува од минута во минута, се повеќе луѓе сакаат да знаат како да ги одржат чисти мобилните телефони.

Продажбата на PhoneSoap сега е 20 пати поголема во последниот месец отколку истото време минатата година. Овој производ ги чисти мобилните телефони така што ги „бања“ во УВ зраци, но уште не е познато дали е ефикасен во убивањето на вирусот Sars-CoV-2, кој предизвикува КОВИД 19.

Овој производ ги чисти мобилните телефони така што ги „бања“ во УВ зраци, но уште не е познато дали е ефикасен во убивањето на вирусот Sars-CoV-2, кој предизвикува КОВИД 19.

Компанијата ги распродаде своите уреди на почетокот на март, а прима нарачки за уредите кои на купувачите ќе им стигнат од 15 април до 30 јуни. Корона вирусот не е нешто на што му се радуваме, но дефинитивно ја подигна свеста дека мобилните телефони може да бидат легло на бактерии и дека мора соодветно да се чистат.

Линијата PhoneSoap го вклучува и уредот PhoneSoap3 – кутија со УВ светлина која одговара за сите видови мобилни телефони. Компанијата продава и нови, поголеми уреди наречени HomeSoap, во кои може да се стават повеќе уреди одеднаш.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •