20 C
Skopje
сабота, мај 30, 2020

Најново истражување: корона вирусот најмногу се шири пред појавата на првите симптоми

Kabtel desktop

Речиси целиот свет е во некој стадиум од борбата против ширењето на корона вирусот. Додека во Кина бројките се охрабрувачки, вестите кои доаѓаат од Италија и од Шпанија покажуваат дека пред Европа се неколку тешки недели. Најголемиот проблем е што корона вирусот, односно SARS-CoV-2 е нов вид за кој научниците и докторите знаат многу малку. Се што се знае досега се дозна во последните неколку месеци.

Но, едно истражување спроведено во Германија откри дека ширењето на болеста доаѓа пред појавата на самите симптоми. Иако во студијата биле вклучени само деветмина луѓе позитивни на корона вирусот кои имале симптоми. Ним редовно им биле земани брисеви од носот и од грлото и откриено е дека нивните тела произведуваат милиони вируси и пред да ги покажат првите симптоми на болеста.

Директорот на Одделот за заразни заболување на клиниката Munich Schwabin, Клеменс Вентнер, истакна дека пациентите со корона вирус и пред појавата на првите симптоми произведувале до 1.000 пати повеќе вируси отколку пациентите со SARS. Токму тоа може да биде главната причина зошто болеста се шири со такво темпо во светот.

Посебно е интересно тоа што пациентите, иако биле заразени и ги имале симптомите на болеста, после осум дена од појавата на симптомите престанале да бидат заразни. Докторите сметаат дека тоа е така поради активирањето на имунолошкиот систем на пациентите. Воедно, тоа може да значи дека пациентите после десетина дена од појавата на првите симптоми повеќе не се заразни за околината иако уште се позитивни на корона вирусот.

Иако ова е мала студија, докторите истакнуваат дека ова откритие би можело да помогне во забавување на ширењето на вирусот и тоа пред се со избегнување на собири на луѓе. Имено, првиот германски пациент го пренел вирусот на своите колеги кога кивнал на еден од состаноците, каде што имало и ракување и престој во истата просторија со него од час до час и половина.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •