13 C
Skopje
петок, јуни 5, 2020

И покрај строгите мерки, пандемијата на корона вирусот би можела да одземе 1,8 милиони животи

Kabtel desktop

Бројот на жртвите на пандемијата на корона вирусот би можел да порасне на 1,8 милиони луѓе годинава, и покрај брзите и строги мерки, покажа истражувањето на на британскиот Кралски колеџ. Научниците проценуваат дека владите можат да спасат десетици милиони животи ако делуваат брзо и ако воведат строги мерки за заштита на јавното здравје како тестирање, карантин и социјално дистанцирање.

Последниот извештај на Кралскиот колеџ, чии претходни истражувања ја уверуваа британската влада да заземе построг став во борбата со вирусот, е објавен во време кога во светот се заразени повеќе од 540.000 луѓе, а умреа повеќе од 24.000 луѓе.

Симулациите на британскиот универзитет се базираат на моменталните податоци за моќта на вирусот, неговата заразност и стапката на смртност, како и демографските и општествените фактори. Отрезнувачката проекција на сценариото без интервенција од владите предвидува дека КОВИД 19, ако не се реагираше, досега годинава би ги заразил речиси сите луѓе во светот и би однел 40 милиони животи.

Извештајот разглегува неколку нивоа на одговор на заразата – од спонтано социјално дистанцирање до строги карантини, што моментално се случува во најтешко погодените држави. Ако овие мерки се воведени навреме, што неделно би значело 0,2 мртви жители на 100.000, проекциите покажуваат дека на глобално ниво би умреле 1,86 милиони луѓе, а речиси 470 милиони во 202 држави би се заразиле.

Ако мерките се воведат предоцна и умираат 1,6 жители на секои 100.000, конечната бројка значително расте на 10,45 милиони смртни случаи и 2,4 милијарди заразени.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •