21 C
Skopje
петок, јуни 5, 2020

Се воспоставуваат зелени коридори за транспорт на примарните производи

Kabtel desktop

Владата денеска на седница ја разгледа и усвои Информација за регионалните и ЕУ активности со цел олеснување на транспортот и трговијата на стоки по појавата на пандемијата со КОВИД-19 и за прифаќање на Заедничкиот предлог на Постојаниот секретаријат на транспортната заедница и Секретаријатот на ЦЕФТА за олеснување на транспортот и трговијата на примарни производи во Западен Балкан и помеѓу Западен Балкан и земји членки на Европската Унија.

Согласно оваа информација Владата ги задолжи канцеларијата на претседателот на Владата во соработка со Министерство за финансии – Царинската управа, Министерството за економија, Министерството за внатрешни работи, Министерството за земјоделство и водостопанство и Министерството за транспорт и врски да ги координира активностите поврзани со имплементација на мерките содржани во Заедничкиот предлог на Секретаријатот на транспортната заедница и Секретаријатот на ЦЕФТА.

Заедничкиот предлог на Постојаниот секретаријат на транспортната заедница и Секретаријатот на ЦЕФТА за олеснување на транспортот и трговијата на примарни производи во Западен Балкан и помеѓу Западен Балкан и земји членки на Европската Унија, има за цел да ја олесни трговијата и транспортот на стоки со преземање единствено на дополнителни мерки на претпазливост, кои што се, или кои треба да бидат преземени, за да се обезбеди дека нема да дојде до избувнување КОВИД-19. Царината и другите контроли на стоки во легитимната трговија остануваат под трговските правила на ЦЕФТА и правилата што произлегуваат од договорите за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и регионалните партнери.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •