Дали на светот му претстои недостиг од храна?

- Advertisement -

Постои ризик од „недостиг на храна“ во светот, како резултат на влијанието на коронавирусот врз светската трговија и синџирите на снабдување, предупредија Светската здравствена организација (СЗО), Обединетите нации и Светската трговска организација (СТО).

„Несигурноста околу достапноста на храна може да предизвика ограничувања на извозот, што може да создаде недостиг на светскиот пазар“, се наведува во заедничкото соопштение на шефот на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), Кју Донгју, генералниот директор на СЗО, Тедрос Адхан Гебрејесус и директорот на СТО, Роберто Азеведо.

- Advertisement -

Трите организации ја истакнуваат важноста за одржување трговска размена, „особено за да се избегне недостигот од храна“. Тие изразуваат загриженост за „забавувањето на циркулацијата на работниците во земјоделската и прехранбената индустрија“, што сметаат дека ќе загрози многу западни земјоделци, како и „застојот на границите за контејнерите со стока“, што може да доведе до расипување на храната.

Тројцата ја нагласуваат потребата за „заштита на вработените во производството, преработката и дистрибуцијата на храна“ за да се минимизира ширењето на вирусот во тој сектор.

- Advertisement -

„Кога станува збор за заштита на здравјето и благосостојбата на жителите, државите мора да се обезбедат дека мерките не ги нарушуваат синџирите за снабдување со храна“, предупредија шефовите на ФАО, СЗО и СТО.

Тие нагласуваат дека во овој период меѓународната соработка е клучна.

- Advertisement -

ФАО, пак, на својата веб-страница истакнува дека „нема потреба за паника“.

„Во светот има доволно храна за сите. Политичарите во дел од светот треба да бидат внимателни да не ги повторуваат грешките направени за време на прехранбената криза во 2007 и 2008 година и да ја претворат оваа здравствена криза во прехранбена, што може да се избегне целосно“, велат од ФАО.

Некои држави, сепак, почнаа со забрана на извоз. Виетнам, третиот најголем производител на ориз во светот, забрани извоз на таа житарица, а казахстан забрани извоз на брашно и производи од пченица.

Сподели!
- Advertisement -