7.8 C
Skopje
понеделник, октомври 3, 2022

Загадувањето на воздухот во светските метрополи падна на најниско ниво

Kabtel desktop

Загадувањето на воздухот во светските метрополи, каде што животот буквалсно застана како резултат на карантинот воведен поради пандемијата на корона вирусот, падна на најниско ниво.

Мерките за играничување на прометот и стопирањето на индустријата резултираа со досега невидено намалување на загадувањето. Како што пишува CNN, цитирајќи нова студија, голесмите светски градови кои имаат најзагаден воздух во светот после тринеделниот карантин поради корона вирусот сега имаат до 60% намалена концентрација на најсмртоносните честички во однос на истиот период минатата година.

Истражувањето на компанијата IQAir, која глобално го следи загадувањето на воздухот, опфатило десет големи градови од светот кои имаат релативно голем број случаи на заразени со корона вирусот, поради што се под строг карантин. Била анализирана концентрацијата на штетни микроскопски честички PM2.5. Честичките кои се помали од 2,5 микрометри се сметаат за посебно опасни по здравјето затоа што навлегуваат длабоко во крвотокот и можат да преминат и на други органи и да предизвикаат сериозни последици.

Седум од десет градови кои биле опфатени со истражувањето (Њу Делхи, Сеул, Вухан, Мумбаи и др) имаат значително подобар квалитет на воздухот. Тие со традиционално највисока концентрација на честичките PM2.5 имаат најголем пад на загадувањето. Во Њу Делхи, на пример, забележан е 60% пад на бројот на РМ2.5 честички од 23 март до 13 април. Индија е една од најзгадените змеји во светот и жителите годишно се изложени на 500 пати поголема концентрација на овие честички отколку што е дозволено.

Во Сеул, пак, е забележан пад на концентрацијата на РМ2.5 честички за 54%. И воздухот во Јужна Кореја е еден од најзагадените во светот. Во епицентарот на пандемијата на корона вирусот, Вухан, концентрацијата на најсмртоносните честички во воздухот се намалила за 44%.

Аналитичарите вршеле истражувања во тринеделниот период додека биле на сила најстрогите карантински мерки или пандемијата била во најголем замав. Според податоците на светската здравствена организација, загадувањето на воздухот е глобален здравствен проблем и годишно убива дури 7 милиони луѓе.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!