Тим од научници од швајцарскиот Центар за професионално здравје и здравје на околината и од Универзитетот во Цирих направија истражување за начинот на кој новиот короан вирус се шири од пациентите заболени со КОВИД-19. Студијата открила дека асимптоматските преносители можат да го пренесат новиот корона вирус и преку нормално дишење.
Швајцарските научници сакале да направат проценка на емисијата на вирусот од асимптоматските преносители и мереле аеросоли со различна големина од кашлањето и нормалното дишење на заразените со КОВИД-19. Исто така, направиле и проценка на ризикот на изложување на заразата во просторија со повеќе здрави луѓе во услови во кои асимптоматските преносители само дишат или се закашлуваат.
Најголема грижа кај сите научници кои го проучуваат новиот корона вирус предизвикува фактот дека асимптоматските преносители и понатаму можат да ја шират заразата, што го отежнува спроведувањето на епидемиолошки мерки и изолација на новите случаи на заразата.

Новата студија на швајцарските научници покажува дека дури и асимптоматските преносители можат да ја шират заразата на КОВИД-19 и тоа само додека нормално дишат во некоја просторија. До резултатите дошле така што направиле модели на ослободување на вирусот кај индивидуални пациенти заболени од КОВИД-19 и ја пресметале количината вирални честички во издишените капки во текот на нормалното дишење или кашлање. На тој начин направила проценка на концентрацијата на ослободениот вирус во обичниот здив и во текот на кашлањето.
Компјутерскиот модел на вирална емисија од пациентите кои само дишат покажува дека најголема е концентрацијата на вирусот содржана во најголемите честички од издишените аеросоли, односно 0.34 копии од вирусот на кубен сантиметар воздух, односно 11,5 копии од вирусот на кубен сантиметар воздух кај пациентите со висока емисија на вирусот. Значително подраматични податоци се собрани кај истите пациенти во текот на кашлањето. Така, просечниот пациент во текот на кашлањето има емисија од 19.400 копии на вирусот на кубен сантиметар воздух, додека таа емисија кај пациентите со висока емисија е дури 651.315 копии на вирусот на кубен сантиметар воздух.
Фото – walpaperflare.com




























