14 C
Skopje
вторник, јуни 2, 2020

Шест совети за успешна e-трговија

Kabtel desktop

Податоци од неколку развиени пазари кои покажуваат колкав процент на луѓе се префрлиле на онлајн купување во различни категории, само заради пандемијата на КОВИД-19. Анализата ја пренесе порталот Маркетинг 365.

Кризата предизвикана од KОВИД-19 покажа дека интернет корисниците во значајна мера го менуваат однесувањето за време на кризата затоа што имаат повеќе време за пребарување и “конзумација“ на брендирани содржини.

Пандемијата на коронавирусот донесе многу промени во навиките и однесувањето на потрошувачите, а една од тие промени е зголеменото купување преку интернет, што веројатно ќе има долгорочно влијание врз малопродажната индустрија. Сепак, оваа ситуација не влијаеше подеднакво на сите категории, така што потребата за е-трговија не е иста за сите. Потрошувачите претежно ја насочија потрошувачката кон основните потреби, а побарувачката за онлајн купување низ целиот свет се зголеми најмногу во категоријата намирници.

Во продолжение следуваат податоци од неколку развиени пазари кои покажуваат колкав процент на луѓе се префрлиле на онлајн купување во различни категории, само заради пандемијата на КОВИД-19.

Како резултат на оваа промена, на која трговците на мало не можеа да се подготват навреме, се појавуваат разни тешкотии – испораката станува несигурна, а на брендовите им е тешко да ја предвидат побарувачката со цел да обезбедат соодветни ресурси за достава и доволен број на производи во залиха во секое време. Агенцијата Polaris, кој работи во рамките на I&F Grupа, специјализирана за аналитика на податоци, бизнис консалтинг и предвидувања на пазарот, подготви неколку совети за тоа што треба да прават брендовите за да постигнат успешни e-commerce резултати во време на зголемена побарувачка за оваа услуга.

  1. Доколку е можно, не престанувајте со онлајн рекламирање

Не е тешко да се разбере зошто брендовите драматично или дури и потполно престанаа да се рекламираат онлајн. Но, кога некој бренд престанува да се рекламира, настанува празнина. А кога конкуренцијата ќе го види тоа, ќе побрза да го пополни тој јаз. Оваа тактика ја користат особено помалите брендови кои се во позиција на предизвикувач. А во моментот кога купувачите ги менуваат навиките за купување, овие брендови сакаат да обезбедат позиција во која ќе бидат забележани од страна на потрошувачите, а честопати, дури и значително ги зголемуваат нивните буџети. Затоа е многу важно брендовите да ја задржат својата позиција во онлајн рекламирањето и да избегнуваат сценарио во кое им го оставаат својот рекламен простор на конкуренцијата.

  1. Пренасочете ги вашите инвестиции кон онлајн продавници, таму се води вистинска битка

Буџетите треба мудро да се пренасочуваат кон каналите што даваат добри резултати. Со анализа на тоа каде потрошувачите го пребаруваат вашиот бренд, можете да добиете насоки за тоа колку и каде да инвестирате. Поради економската неизвесност, купувачите бараат стабилност, а довербата во големите малопродажни трговци веќе постои, а со тоа и уверувањето дека нарачките од овие онлајн продавници ќе пристигнат без проблеми. Брендовите треба да го искористат ова и сообраќајот генериран од пребарувања на Google и кампањите на социјални медиуми да го насочат на платформи за е-трговија.

2. Утврдете како сите ваши ресурси можат да ја поддржат е-трговијата

Пренасочувањето на одредени ресурси за поддршка на онлајн купувањето е тактика која може да донесе придобивки и заработка. Да го наведеме примерот на козметичката компанија Lin Qingxuan која мораше да затвори 40% од продавниците во Кина за време на пандемијата, вклучувајќи ги сите локации во Вухан. Компанијата тогаш одлучи да префрли повеќе од 100 вработени консултанти од затворените продавници на дигиталните платформи како WeChat, каде тие продолжија да ги советуваат купувачите и со тоа да придонесат за онлајн продажбата. Како резултат на овој потег, продажбата во Вухан се зголеми за 200% во однос на истиот период минатата година.

3. Креирајте став: „Подготвени сме за каков било предизвик“

Откако еден бренд ќе одлучи активно да пристапи кон кризната ситуација, тогаш мора да ги искористи сите расположиви средства за ефикасно реагирање. Пазарот е динамичен, променлив и за жал нестабилен, така што овој период треба да се гледа како секој ден да е „Црн петок“. Неопходни се почести состаноци со цел зајакнување на соработката помеѓу медискиот и продажниот тим. Следењето на KPI сега мора да биде на дневна основа за да се разберат промените во однесувањето на потрошувачите, но и како реагираат вашите партнери, конкуренти и сите други. Само на овој начин може да се осигурате дека навремено и адекватно реагирате на какви било нови информации и промени. Е-трговијата нуди предност што брендовите можат да го измерат влијанието на парите вложени во рекламирањето врз заработката и стратешки да ги проценат своите потези благодарение на ROAS метриките (Return of Ad Spend).

4. Константно следете го нивото на залихи и секогаш имајте план што ќе правите доколку се потрошат залихите

За време на оваа криза, честопати се случуваше некој производ веќе да го нема на полиците, како во продавниците, така и во онлајн нарачките. Затоа, потезите во рекламирањето мора да бидат прилагодени на најновите информации за количината на залиха. Брендовите мора да реагираат брзо во вакви ситуации. Доколку се случи производот да се распродаде кај еден ритејлер, екстерните реклами кои воделе до него мора да бидат пренасочени кон онлајн продавницата каде производот сè уште може да се купи. Нема смисла да се трошат пари на реклама која води до сајт каде што производот е распродаден. Покрај тоа, брендовите мора да имаат план со кој производ во спонзорираните реклами ќе го заменат оној кој веќе не е на залиха.

5. Развијте силна стратегија за е-трговија кога станува збор за содржината која ќе ја пласирате

Кризата предизвикана од KОВИД-19 покажа дека интернет корисниците во значајна мера го менуваат однесувањето за време на кризата затоа што имаат повеќе време за пребарување и “конзумација“ на брендирани содржини. Затоа е многу важно брендовите да имаат добра долгорочна стратегија за содржината која ќе ја пласираат на интернет, вклучувајќи ги и платформите за е-трговија. Содржината мора да биде прилагодена на тековната состојба, а информациите да бидат точни и редовно ажурирани. Потрошувачите во овој период очекуваат дека основните информации за услугата ќе бидат јасно прикажани, како на пр. време на испорака, контакт за поддршка на клиентите, колку време треба да се испорача производот и слично. Брендовите кои го користат овој пристап ќе бидат поблиски до потрошувачите, дури и кога ќе помине епидемијата.

Фото – pxfuel.com

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •