Новата ВЕТИНФО платформа нуди 24/7 бесплатна ветеринарна поддршка!

- Advertisement -

КОВИД 19 кризата предизвика промени и во ветеринарната заштита на животните во земјава. Со Катерина Јовановска од Ветеринарната комора на Македонија разговаравме за новиот софтвер креиран и финансиран во рамки на „Креатон“ повикот на ФИТР за справување со последиците од КОВИД-19, за да се избегне физички контакт во ветеринарни амбуланти.

За почеток, кажете ни каква е состојбата со ветереринарната заштита во време на Ковид-19 кризата?

Имајќи го предвид местото и улогата на ветеринарно-здравствената професија, како неодвоив  сегмент на севкупното здравство, со цел професионално и општествено одговорно однесување на своите членови, Ветеринарната комора на РСМ изготви соодветни Препораки за работа во време на Ковид криза.

- Advertisement -

Многу земји воведoa строги мерки, од забрана за патувања до целосно затворање на земјата. Важно е да се запамети дека ветеринарните услуги треба да се сметаат за суштествени услуги. Докторите по ветеринарна медицина и нивните тимови обезбедуваат важен надзор врз болестите на животните и јавното здравје за да се спречи појава на болести, вклучително и зоонозни заболувања. Тие обезбедуваат безбедна храна за јадење со тоа што само здрави животни и нивните производи можат да влезат во прехрамбената индустрија.

Кога ја вршат својата работа, докторите по ветеринарна медицина имаат одговорност да го заштитат сопственото здравје, здравјето на оние со кои работат и здравјето на нивните клиенти. Оттука, тие мораa да обезбедат примена на соодветни мерки на биосигурност, нивниот персонал да биде заштитен со потребната опрема и сопствениците на животни да се информираат за преземените мерки на претпазливост. Одговорност е на секоја индивидуа да обезбеди дека се почитуваат соодветните мерки во рамките на овие активности, за да се избегне натамошно ширење на COVID-19.

- Advertisement -

Препораката од Комората е докторите по ветеринарна медицина задолжително тековно да ги следат сите нови упатства од соодветните државни институции и постојано да вршат процена на ризикот за сопствената состојба и изложеност , имајќи ги предвид најновите информации од надлежните тела и врз основа на тоа да го прилагодуваат своето работење, делувајќи пред се во заштита на сопственото и здравјето на клиентите.

Катерина Јовановска

Ветеринарната Комора учествуваше на „Креатон“ повикот на ФИТР за справување со последиците од КОВИД-19 со веб решение за да се избегне физички контакт во ветеринарни амбуланти. Може ли да ни кажете на што конкретно се однесува овој софтвер и кои ќе бидат неговите клучни предности?

- Advertisement -

Идејата за Креатон некако сама се наметна соодветно на препораките кои ги дававме и желбата на ветеринарите да излезат во пресрет на лугето кои цуваат животни. Во ситуација на појавата на COVID 19 кога реално постои ограничување на движењето на граѓаните се со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот,  повеќе од потребно е непречена бесплатна комуникација на граѓаните со докторите по ветеринарна медицина. Овој софтвер пред се овозможува 24/7 консултација за здравствен проблем на домашните миленици или продуктивни животни со цел да се утврди сериозноста на состојбата.

ВЕТИНФО платформата е веб дизајнирана за сите граѓани чуватели на животни, без разлика дали се миленици или се продуктивни животни( крави, овци , свињи и друго), дa можат да остварат комуникација со ветеринар преку порака во пишана форма, звучен запис или видео. Има можност да се прикачи слика, документ на која веднаш ќе им се одговори како пишан одговор или доколку е потребно и лично да се искомуницира.

Пристапот на клиентот до веб страната е едноставно со најава со ФБ профилот или со google mail и потоа може да го постави своето прашање, во порака или со директен chat со докторот.

Целта е комуникација на населението со доктор по ветеринарна медицина кој ќе даде  бесплатен совет во дадената ситуација која не е итна или живото загрозувачка или ќе предложи закажување на преглед кај матичниот доктор доколку се работи за сериозен здравствен проблем.

Идејата е да се ограничи движењето на населението согласно одлуките на Владата, од една страна и постојан пристап до ветеринар од друга страна.

Вие од претходно користите софтвер, чија изработка беше поддржана од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем. Кажете ни какво е искуството, колку тој се употребува и кои се бенефитите од неговото користење?

Благодарение на проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, ветеринарите имаат база на податоци за сите свои животни на кои им се матични доктори, а воедно и  следливост на историјата на болест и примената на лекови при интервенирањата. Софтверот го применуваат сите ветеринарни друштва, а бенефитот е лесен пристап до софтверот преку смарт уреди и во теренски услови, што овозможува лесна следливост на интервенциите.

Во моментов се подготвува надградба на софтверот водени од препораките кои ги добивавме од самите корисници на софтверот т.е ветеринарите. Софтверот ќе се усовршува во делот на извешаи коИ посебно Ќе се осврнат на примената на антибиотици кај продуктивните животни, важни во прехрамбената индустрија и посебен осврт ќе се даде на фармите кои имаат ветеринарни служби на самото одгледувалиште за следливост на протоколите за безбедност на храна и примената на лековите. 

Сподели!
- Advertisement -