13.8 C
Skopje
недела, ноември 28, 2021

Канада донира 250.000 канадски долари помош во борбата против пандемијата

Cementarnica USJE, mobile 19.11.2021

Препознавајки ја важноста на меѓународна соработка и солидарност во борбата против глобалниот предизвик за здравјето, Канада ќе и донира на Северна Македонија 250.000 канадски долари како помош во борбата против пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19.

Канада верува дека глобалниот одговор на пандемијата е најефикасната одржлива долгорочна стратегија и во склад со тоа одлучи да издвои значителни средства во борбата против пандемијата низ хуманитарна помош на најранливите земји, преку финансирање на меѓународните организации кои помагаат во управувањето со кризата во текот на пандемијата, како и низ издвојување на средства за истражувања и развој во напорите да се пронајде ефикасна вакцина.

Владата на Канада најави издвојување на значителни средства за борбата против глобалната пандемија Ковид-19, кои покрај останатото ќе бидат насочени кон мобилизација на канадските научни истражувања кои веќе работат на развојот на ефикасни медицински контра-мерки, поддршка на забрзан развој на вакцината против Ковид-19, пронаоѓањето на безбеден и ефикасен начин на лечење на Ковид-19 во директна соработка со Светската здравствена организација (СЗО), поддршка во дијагностиката на Ковид-19 за повеќе од 20 земји партнери, како и развојот на стратегија во борбата против лажните вести, дезинформациите, стигматизацијата и стравот.

,,Соработката на Канада со земјите од регионов е доказ за силната глобална соработка која кризата ја потенцираше како потреба но и стратегија за понатаму. Канада била и останува да биде партнер за развој на земјава, низ низа од општествено приоритетни проекти, овој пат збогатени и со поддршка за справување со кризата предизвикана од COVID19”. – изјави Анета Пешева, почесен конзул на Канада во Скопје.

Канада и Северна Македонија имаат позитивни билатерални односи и развиена соработка во рамките на НАТО, и иако не е членка на ЕУ, Канада силно ја поддржува Северна Македонија во процесот на евро интеграциите на земјата.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!