21 C
Skopje
среда, јули 15, 2020

ССК бара итно продолжување на финансиската поддршка од Владата, за дополнителни два месеци

Kabtel desktop

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) апелира на широка консултација и засилување на дијалогот со релевантните институции со цел економските мерки да имаат позитивен ефект врз реалниот сектор и да бидат реално применливи.

„Во услови на здравствено – економска криза, претпријатијата се соочуваат со предизвик за нивен опстанок, а економијата бележи стрмоглав пад.  Особено на удар се претприемачите, малите и средни компании кои се столб на националната економија, кои вработуваат над 80 отсто од вкупниот број вработени граѓани во приватниот сектор и претставуваат 99,8 проценти од регистрираните правни субјекти,“ велат од ССК.

Од таму иницираат итно продолжување на економските мерки за финансиска поддршка на Владата, за дополнителни два месеци.

„Неопходно е и продолжување на сите мерки за одложување на побарувањата по основ на даночни аконтации, кредити, како и на казнени и затезни камати до крајот на годината. Согласно анализите на Сојузот, голем број претпријатија се сериозно засегнати од кризата, а дел немаат воопшто никакви приходи за да ги покријат основните месечни трошоци. Во таа насока, следејќи ја моменталната состојба, предизвици со кои се соочуваат претпријатијата се бројни, како нарушена ликвидност, борба за задржување на работните места и борба за опстанок поради неможноста за вршење дејност“, изјави Данела Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија.

Арсовска додаде дека на приватниот сектор му е неопходна институционална поддршка за да се овозможи економијата да биде во континуирано движење. Иницијативата на ССК  официјално е доставена и до Владата за итно разгледување.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •