Креаторот на шведската стратегија за борба со корона вирусот призна дека згрешил

- Advertisement -

Главниот шведски епидемиолог кој стои зад стратегијата на земјата да не се затвори поради пандемијата на корона вирусот призна дека требало да воведе повеќе ограничувања за да се спречи ширењето на корона вирусот.

Со месеци Андерс Тегнел го бранеше својот пристап како одржлив, критикувајќи ги другите за нивните премногу рестриктивни мерки. Но, во интервју за шведско радио изјави дека премногу луѓе умреле во неговата земја.

- Advertisement -

Кога повторно би се соочиле со истата болест, знаејќи го она што го знаеме денес, мислам дека би биле некаде на половина пат од она што го направи Шведска и она што го направи остатокот од светот“, изјави Тегнел.

Шведска има највисока стапка на смртност од корона вирусот во светот. Таму починаа повеќе од 4.400 луѓе, а заразени се вкупно околу 38.500 луѓе. Данска, Финска и Норвешка заедно имаат околу 1.100 починати.

- Advertisement -

(Извор: Bizlife, Poslovni Dnevnik)

- Advertisement -

фото: Wikimedia

Сподели!
- Advertisement -