Граѓаните на „kupuvamdomasno.gov.mk“ да проверат дали ќе добијат картичка за купување на домашни производи

- Advertisement -

Министерката за финансии Нина Ангеловска денес на прес-конференција ги повика граѓаните на сајтот „kupuvamdomasno.gov.mk“ да проверат дали се меѓу 325.000 лица кои ќе добијат платежна картичка за купување домашни производи. Картичките ќе ги добијат до 18 јули, а парите ќе може да ги трошат до 15 август.

Со овие средства ќе се поддржат ранливи категории граѓани, ќе се поттикне потрошувачката на домашни производи и услуги и преку вбризгување на 28 милиони евра ќе се поттикне економската активност, рече Ангеловска и допрецизираше дека картичките ги работат девет банки.

- Advertisement -

На списокот се речиси 114.000 активни невработени и социјалци кои ќе добијат по 9.000 денари. Станува збор за лица кои немале приход поголем од 60.000 денари во првите 4 месеци од годинава.
По 3.000 денари ќе добијат над 117.000 вработени лица со приход помал од 15.000 денари месечно. Нив им следува и ваучер за туризам од 6.000 денари. По 3.000 ќе добијат иоколу 87.000 средношколци и студенти. А картичка со 40% од последната нето плата ќе добијат и 4.400 здравствени работници вклучени во борбата со Ковид 19. Продавниците во кои ќе се трошат овие средства ќе мора да имаат посебни оддели со македоднски производи, а од картичките нема да може да се подигне готовина.

Ангеловска на денешната прес-конференција изјави дека компаниите ќе можат и за јуни да ја користат државна помош од 14.500 денари за исплата на плата.

Сподели!
- Advertisement -