26 C
Skopje
петок, јули 10, 2020

Коби Бенделек, InsurTech Израел: Без иновации осигурителната индустрија не може да расте!

Kabtel desktop

Денес со почеток во 14 часот во организација на InsurTech Israel и Универзитетот Св. Климент Охридски – Битола , одделот за осигурување кој e посветен на поттикнување на иновативноста во осигурителниот сектор. Како клучен играч во израелски иновативен стартап екосистем кој постајно расте и се развива, InsurTech Israel  со својата широка мрежа на контакти од креативни и иновативни професионалци како и исцрпното познавање на осигурителниот сектор се труди да поврзи експерти со динамични и креативни стартапи на глобално ниво.

На линкот за регистрирање публиката има можност да избере дали сака да разговара со еден или повеќе од стартапите кои ќе се претстават на настанот. Тоа е B2B платформа која е лесна за користење, а ние ќе направиме и кратко претставување за секој стартап. Ќе има посебен линк до веб страници и луѓето ќе можат да изберат дали сакаат да зборуваат со нив.

Овој настан беше повод да разговараме со Коби Бенделек, основач на InsurTech од Израел.

Разговараше – Верица Јорданова

Господин Бенделек, што ќе се случува на настанот што го организирате заедно со господинот Климе Попоски од Универзитетот Св. Климент Охридски?

Целта на овој настан е да ја претставиме Insutech технологијата која се развива овде во Израел. Со оглед на ситуацијата во целиот свет со КОВИД-19 и неможноста да се одржуваат состаноци во живо, бараме нови можности преку виртуелно шоу низ целиот свет со цел да ги претставиме Insutech стартапите од Израел. Досега веќе организиравме пет такви настани, а сега се претставуваме во Централна и Југоисточна Европа. Настанот во Македонија го отвораме заедно со професорот и поранешен претседател на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Климе Попоски и поддршка од Универзитетот. Потоа следуваат  14 кратки презентации на стартапи од следниве теми: решавање на штети, продажба, превземање на ризици, грижа за клиенти и производи кои го унапредуваат секој сегмент од бизнис моделите на осигурителните компании. Настанот ќе биде краток, но ве уверувам дека ќе биде интересен. Основачот и извршен директор на првата виртуелна осигурителна компанија во светот Lemonade, Даниел Шребер ќе има свој говор. Имавме одлични коментари за претходните настани и тоа е причината зошто продолжуваме.

Со ова на стартапите им овозможуваме изложување на нивните идеи и решенијата кои ги развиваат, а на осигурителите и инвеститорите им овозможуваме да ги најдат вистинските решенија кои им се потребни. Нашата цел е да вклучиме што повеќе теми и стартапи за настаните да бидат поинтересни, а најбитно е да се корисни за индустријата за осигурување, за инвеститорите и за стартапите.

Споменавте дека ова е инспирирано од пандемијата на корона вирусот, коjа отвори можности за нови иновации. Mислите ли дека Insutech може да го забрза процесот на дигитализација на осигурителната индустрија?

Се разбира. Осигурителните компании во светот сфатија дека мора да бидат напредни. Тие го знаеја тоа, но кризата ги натера да преземат нешто, најпрвин за да преживеат.  А сега кога кризата спласна, тие сфатија дека мора да бидат многу корисни. Технологијата им овозможува да остваруваат профит и истовремено да ги намалат трошоците. Ако погледнеме која било индустрија која користи напредна технологија, тие растат. Ако не ја усвојувате технологијата, не можете да растете. Осигурителните компании сега го сфаќаат тоа и бараат начини за примена на технологија. Во тој момент тие почнуваат да бараат решенија за проблемот.

Гледате ли промена на тој план на светско ниво или во Израел? Има ли осигурителни компании кои веќе ги усвоиле новите технологии и ги применуваат?

Потребно е да помине време за усвојување и имплементација на нови технологии. Можеме да видиме многу докази за концепти и потоа компаниите склучуваат договори. Тоа е знак дека многу од компаниите почнуваат да ги прават вистинските чекори.

Што мислите, зошто Израел како земја и Израелците се толку иновативни?

Ако треба да објаснам со еден збор, би рекол дека тоа е културата. Израелците се независни, размислуваат паметно и брзо реагираат. Ако зебележат некој проблем, веднаш почнуваат да размислуваат како да го решат. Да објаснам подетално. Една од главните причини е високиот квалитет на образованието во Израел. На второ место е армијата, која е многу технолошки настроена и многу од решенијата и иновациите доаѓаат од воениот сектор. Во Израел секој мора да оди во војска кога ќе наполни 18 години. После 1-2 години воена служба луѓето добиваат прилика да раководат со проекти, прилика која ја немаат цивилите. Армијата доста помага за да расте тој екосистем. Како трета причина би ја навел владата, односно владината поддршка за тој екосистем. Владата инвестира, дава заеми, грантови, помага со воведување нови регулативи, правила и закони. На крај, една од причините за нашата иновативност е и нашето опкружување, поради кое мора да сме многу независни.

Може ли сега малку да поразговараме малку повеќе за Insutech Israel?

Јас работам во осигурителната индустрија веќе 22 години и бев еден од најголемите агенти на осигурување во Израел. Во 2015 година ја основав Insutech Israel, компанија која има три гранки. Првата е инвестициска, односно инвестираме во стартапи во рана фаза. Втората гранка е консултантска, која им помага на стартапите кои се занимаваат со таква технологија да растат.  Тоа се однесува на стартапи кои се во светот на осигурувањето, но и за стартапи кои сакаат да развиваат таква технологија. Последната гранка е медиумска, која организира многу настани, конференции, роуд-шоуа за промовирање на нашите активности, индустријата и екосистемот. Роуд-шоуто на Insutech Israel во Источна Европа е едно од нив и многу сме возбудени за тоа затоа што Источна Европа не ни е таргет пазар, а мора да биде затоа што таму има потреба за нашата технологија. Повеќето стартапи во Израел по автоматизам како таргет пазар ја гледаат Велика Британија или САД. Сега сфаќаме дека Источна Европа е атрактивен пазар за Insutech со голем потенцијал.

технолошките решенија главно ќе се фокусираат на две работи: решенија за подобра услуга на клиентите и технологија која ја поддржува продажбата

Имате ли некои инвестиции во стартапи во овој регион?

Не, но би сакале да имаме. Минатата година во Македонија, поконкретно во Скопје сретнавме многу интересни стартапи. Бев многу изненаден од идеите и способностите на претприемачите, но не дојде до инвестиција. Сепак, многу би сакале да инвестираме и да го поддржиме екосистемот во Македонија или во другите земји од Источна Европа затоа што таму има многу паметни луѓе со добри идеи и има потреба за таква технологија.

Кои се разликите кај осигурителниот пазар од регион до регион? Како осигурителните компании треба да настапуваат на различни пазари?

Точно е дека има разлики во пазарите и активностите дури и меѓу соседни земји. Делумно тоа се должи на културата, делумно на економијата, делумно на внатрешната ситуација, на регулативите итн. Технологијата може да помогне да го снема тој јаз затоа што ако има потреба од осигурување, а луѓето не можат лесно да го најдат, луѓето кои развиваат технологија можат да им помогнат. Ќе ви кажам еден пример. Ако, на пример, сега немате пари во вас платите нешто, електронските паричници ќе го решат проблемот . Иста е ситуацијата и во индустријата за осигурување. Ја имаме технологијата и можноста да им пристапиме на потрошувачите кои користат смартфон и имаат интернет. Така технологијата може да им помогне да стапат во контакт со нивниот осигурител  и лесно да купат осигурување. Освен тоа, можат да најдат нешто што им одговара на потребите, а не задолжително да купуваат нешто скапо. Во Источна Европа и во други делови од светот микроосигурувањето е многу популарно. Со микроосигурувањето може да се управува само ако имате добра технологија.

Кои се последните трендови на ова поле?

-Поради корона вирусот сега се е несигурно, но ако гледаме на краток рок, технолошките решенија главно ќе се фокусираат на две работи: решенија за подобра услуга на клиентите, можеби автоматизирана или олеснета, а втората е технологија која ја поддржува продажбата. Тоа е најбитно за осигурителните компании сега и тоа е она што го бараме. Потоа ќе бараме начини да биде попрофитабилни. За да бидеме попрофитабилни мора да имаме подобри гаранции. Значи ќе бараме алатки за подобро осигурување. Тоа се трите области кои јас мислам дека најмногу ќе пораснат на краток рок, да речеме за 1-2 години отсега.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •