Британски научници го открија првиот лек кој може да ги спаси болните од корона вирус

- Advertisement -

Евтин и широко достапен лек во форма на стероиди помага во спасувањето на животите на пациентите кои се во животна опасност од КОВИД-19 кој го предизвикува новиот корона вирус САРС-КоВ-2.

Тој стероид е дексаметазон и британски научници велат дека откритието за неговите способности е револуционерно. Тој лек е дел од големо глобално тестирање на лекови за нивното дејство против новиот корона вирус. При тестирањето на стероидот е откриено дека ризикот од смртност кај пациентите на респиратори кои се третирани со него е намален за една третина, а кај тие кои примаат кислород за една петтина.

- Advertisement -

Британските научници тврдат дека да било забележано неговото дејство на корона вирусот од претходно, од избивањето на епидемијата во Велика Британија досега ќе биле спасени 5.000 животи. Дексаметазонот особено би се покажал ефикасен во сиромашните земји во борбата против корона вирусот.

Дексаметазонот се покажа делотворен во намалувањето на штетата која ја трпи човечкиот имунолошки систем во борбата со корона вирусот. Реакцијата на имунолошкиот систем на новиот вирус уште се нарекува „цитокинска бура“ и може да има смртоносни последици.

- Advertisement -

Во истражувањето кое го спроведоа научници од Универзитетот Оксфорд околу 2.000 пациенти примиле дексаметазон и биле следени нивните резултати наспрема 4.000 пациенти кои не го примиле тој лек. Кај пациентите кои примиле дексаметазон и биле на респиратор смртноста била намалена за 28%-40%, а кај пациентите кои примале кислород за 20%-25%.

Ова е единствениот лек кој досега покажа резултати при намалувањето на смртноста на пациентите болни од корона вирусот. Еден од водителите на студијата, професорот Питер Хорби, вели дека ова е големо откритие.

- Advertisement -

Професорот Мартин Ландреј, исто така водител на студијата, вели дека резултатите се многу јасни: лекувањето трае до 10 дена и тоа пациентите ги чини помалку од 7 евра на ден. Освен тоа, ова е глобално достапен лек, вели професорот Ландреј.

(Zimo, BBC)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -