-7.2 C
Skopje
вторник, јануари 25, 2022

Русија во училиштата ќе инсталира систем за препознавање лице Orwell

Kabtel desktop

Повеќе од 43.000 руски училишта ќе бидат опремени со систем за видеонадзор кој препознава лице, а се вика Orwell, објавија руските медиуми. Платформата Orwell на државната технолошка компанија Rusnano е опишана како систем за надзор кој препознава слики така што користи алгоритми од компјутерски вид. Во системот е интегриран модулот FindFace.

Таа технологија ќе биде инсталирана за безбедност на децата. Системот ќе го следи нивното движење и ќе препознава странци во просториите, изјави Евгениј Лапшев од подружницата Elvees Neotech. Тој тврди дека училишните бази на податоци ќе се спремаат локално за да се избегне протекување на информации и истакна дека родителите и децата нема да бидат додадени во системот без нивна согласност.

Во иднина технологијата за надзор ќе може да се користи за следење на редовноста, на работните часови на наставниците, како и за учење на далечина, велат од NTechLab.

Досега Orwell е поставен во повеќе од 1.608 училишта во 12 руски региони во рамки на пилот проектот. NTechLab веќе ја постави технологијата за препознавање лице во Москва со цел идентификација на осомничени криминалци. Во таа мрежа се вклучени 200.000 надзорни камери.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!