12.8 C
Skopje
сабота, ноември 27, 2021

Samsung ќе претстави пет нови, моќни уреди

Kabtel desktop

Иновативност, агилност и бројни партнерства клучни во новата ера на технологијата

На претстојниот Galaxy Unpacked настан, Samsung ќе претстави дури пет несекојдневни уреди, како дел од новата технолошка ера под називот Next Normal (Нова нормалност), најави во блог објава TM Roh, претседател и директор за развој и истражување во секторот за ИТ и мобилна комуникација во компанијата Samsung Electronics. Новата ера на мобилна технологија целосно ги следи околностите на Новата нормалност, затоа што да се остане поврзан и функционален е составен дел од новосоздаденото секојдневие. Затоа, овој нов период ќе се развива во три стратешки фази: иновативност на полето на технологијата, отворени соработки со партнерите и агилност на уредите прилагодени на забрзаниот начин на живот.

„Овие уреди се резултат на нашата визија да им пружиме на корисниците нови и поинакви искуства, како и беспрекорна функционалност и постојаност – на работата или во слободното време, во домот или надвор од него. Новата нормалност овозможува корисниците во целост да ги искористат своите уреди, нудејќи нови облици на поврзување, работа и комуникација“, рече TM Roh, давајќи јасна насока за какви уреди ставува збор.

Шест месеци иновација

TM Roh го презеде водството над секторот за мобилни комуникации пред шест месеци, воведувајќи свежина и иновативност во однос на нови технологии, со големи вложувања на полето на истражување и развој, како и имплеменатција на 5G мрежа. „Од телефони на преклоп до 5G мрежа, постојано им нудиме нови облици на технологија на корисниците. Јас сум многу возбуден што ги гледам новите иновации во пракса, бидејќи само кога го менуваат квалитетот на животот на подобро, тие ја покажуваат својата вистинска вредност“, објасни TM Roh.

Бројни соработки со партнерите

Во својот блог, TM Roh исто така потсетува на соработката на Samsung со многубројните партнери, кои резултираат со нови можности. „Исклучително ја ценам моќта на нашите партнерски мрежи. Отсекогаш сум верувал дека заеднички можеме да создаваме иновации кои нудат врвно корисничко искуство“, истакна Roh. Меѓу партнерите се наоѓаат компаниите како што се Google, Microsoft, Netflix и Spotify, со што значајно се олеснува синхронизацијата на Samsung уредите со компјутерите и се подобрува квалитетот на видео повиците, за подобро чувство на поврзаност во текот на моменталната епидемиолошка ситуација.

Агилноста како клуч

TM Roh во својата објава ја нагласи и важноста на уредите во контекст на брзото секојдневие, каде на корисникот покрај сè му е потребна агилност. „Овие уреди се прилагодени за работа, игра и мултитаскинг, лесно се вклопуваат во различните живoтни стилови. Ваквиот стратешки пристап ни донесе целосно нов поглед на технологијата“, заклучи Roh.

Samsung Unpacked, на кој ќе бидат претставени пет најнови уреди, ќе се одржи на 5 август 2020. година, со пренос во живо од Јужна Кореја. Следењето на настанот ќе биде овозможено преку линк.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!