12 C
Skopje
среда, септември 30, 2020

Црвен аларм во Германија: Индустријата бара влез на работници од Западен Балкан

TMF desktop 19.08.2020

Германските работодавци ја предупредуваа владата дека без поголема имиграција на работници од Западен Балкан, нема да можат да најдат соодветна работна сила. Според германски медиуми, Херман Шулте Хилтроп, претседател на огранокот за градежништво на Германското здружение на работодавци, предупредил дека во следните неколку години 150.000 градежни работници ќе заминат во пензија, и дека е се потешко да се најде соодветно образована и обучена замена.

Тој вели дека работодавците го поздравуваат продолжувањето на правилата за Западен Балкан, што ќе овозможи продолжување на валидноста за издавање работни визи за неквалификувана работна сила, но тој го критикува фактот дека е одредена квота од 25.000 работници годишно.

-Ако изгубиме 50.000 работници годишно, онолку колку што досега се стекнавме благодарение на ова правило, ситуацијата сериозно ќе се влоши. Од 2021 година, можеме да сметаме на целосна суспензија во одредени индустрии, како што се изградба на куќи, вели Хилтроп.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •