8.8 C
Skopje
петок, февруари 3, 2023

Нова Coca-Cola со кафе ќе биде лансирана во 2021

Kabtel desktop


Брендот за безалкохолни пијалоци Coca-Cola соопшти дека новата верзија на газираниот пијалaк со додадено кафе ќе се појави на американскиот пазар во јануари следната година.

Новата „Coca-Cola with Coffee“ ќе ја комбинира обичната Coca-Cola со бразилско кафе, и тоа во три различни вкусоови – црна мешавина, ванила и карамела. Пијалaкот ќе се продава во лименки и ќе содржи 69 милиграми на кофеин, за разлика од обичната Coca-Cola во лименка која содржи 34 милиграми на кофеин, односно 46 милиграми во лименка на диетална Coca-Cola.

Првиот обид на Coca-Cola за лансирање на слична комбинација со кафе беше во 2006 годинa, но производот беше повлечен по само две години. Од Coca-Cola веруваат дека тогашниот производ заговараше тренд пред своето време.

Според новите истражувања, вкусовите на потрошувачите се менуваат и тие сега сакаат да пробуваат нови и необични комбинации на пијалоци, поради што од Coca-Cola овој пат се убедени во успехот на својот екстра-кофеински производ.

(Marketing365)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!