12 C
Skopje
среда, септември 30, 2020

Германски виролог советува како правилно да ги носиме маските, зашто во спротивно се бескорисни

TMF desktop 19.08.2020

Досега секој би требало да знае дека носењето заштитна маска во јавност помага во спречување на ширењето на корона вирусот, но некои луѓе сеедно имаат проблем со начинот на употреба. Тие носат маски, но со нив ја прекриваат само устата, не и носот.

Целта на маските е да ги задржат ситните честички што ги испушта тој што ја носи маската кога зборува, кашла или кива, вели познатиот германски виролог д-р Јонас Шмит-Чанасит. Со тоа ги штитиме другите од можна зараза, вели тој.

До одредена мера маската го штити и носителот од вдишување честички на други луѓе. Но, ако носот не е покриен, честичките имаат отворен пат во организмот и тоа е исто како воопшто да не носите маска, нагласува Шмит-Чанасит.

Најправилно е и маската да не ја допираме со рацете и да ја користиме единствено допирајќи ги само ластиците или врвите на страните. Шмит-Чанасит вела дека добра идеја е маската да ја носиме само кога сме блиску до други луѓе подолго време, како што е возењето во автомобил. Можноста за зараза не е веројатна ако сте покрај некој кратко време. Десет до 15 минути е клучното време, вели тој.

Но, маските не може да се носат поставени доволно цврсто за луѓето да ги заштитат од аеросоли, уште помалите честички во воздухот, кои лесно може да допрат до устата и од страните. Германскиот виролог уште еднаш потсетува дека тоа значи дека и со маската треба да се води сметка за држењето социјална дистанца.

(Dnevnik.hr)

(фото: Pixabay)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •