12 C
Skopje
среда, септември 30, 2020

Езерото Младост ќе биде првата иновативна туристичка атракција во земјава

TMF desktop 19.08.2020

На Езерото Младост се спроведува проект за локална и регионална конкурентност со којшто се подобрува туристичката понуда.

Со проектот со вкупна вредност од речиси милион евра односно 62 милиони денари од кои 55,5 милиони денари се грант, а останатите се обезбедени од општината, Езерото Младост станува смарт езеро коешто ќе биде прва иновативна туристичка атракција во земјава.

„Со поддршка од ваков тип на проекти создаваме атрактивни локации коишто секако ќе бидат посетени од домашни посетители, но и од странски посетители. Со воведувањето на овие паметни елементи во опркужувањето на езерото како што е менаџирање со паркингот, детско игралиште, велосипеди коишто исто така се управуваат преку одредени паметни модели, сметам дека се олеснува на општините менаџирањето со ваков тип на туристички локации коишто се многу значајни. Значајноста не е само заради тоа што тие стануваат актрактивни и ќе бидат посетени од повеќе посетители туку директно влијаат и на економскиот развој но со тоа директно влијаат и на регионалниот развој”, рече вицепремиерката Мила Царовска при денешната посета на езерото.

Покрај вицепремиерката, дел од делегацијата беа и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Мачевски, преставникот на Европската комисија Никола Бертолини и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •