23 C
Skopje
петок, септември 25, 2020

Психологот Драгана Цветковска создаде терапевтско ќебе „Хаги“ кое им помага на децата со нетипичен развој

TMF desktop 19.08.2020

Драгана Цветковска е психолог и сеемеен системски советник во богато искуство. Низ работата ја осознала потребата од создавање на дополнителни алатки со кои ќе се постигнат подобри резултати во развојот на децата со нетипичен развој и лицата кои страдаат од анксиозност и несоница. Oттаму дошла идејата да ги создаде иновативните терапевтски ќебиња Хаги или т.н тешки ќебиња, со чие покривање се постигнува сензорна стимулација и свесност за секој дел од телото, а со тоа се смирува нервниот систем и овозможува побрзо заспивање. За „Иновативност“, Драгана ја раскажува приказната за тешките ќебиња чиј што притисок симулира прегратката.

Драгана, што е „Хаги“ терапевтското или тежинско ќебе? За каква прекривка станува збор?

„Хаги“ е прекривка во која е вметната тежина која овозможува ефект на стимулација со длабок притисок. Тежината која ќебето ја има во себе има терапевтска вредност, бидејќи тактилниот влез кој што се извршува на телото, е еднаков на прегратката, масажата или пливањето. Попрецизно, жсо покривањето со „Хаги“ нанесуваме рамномерна тежина на телото и го постигнуваме ефектот на сензорна стимулација.

Ќебето е рачно полнето со различен тип на суровини како дрвени пелети, ориз, пластични монистри или стаклено-кристални перли. Ние ги одбравме стаклените затоа што се хипоалергени , рамномерно се распространуваат низ површината, не произведуваат гласен звук и овозможуваат прекривките машински да се перат. Материјалот од кој се изработени најчесто е памучна ткаенина , плиш, минки (дебел материјал со топчиња) или др. Полнењето на ќебето исто така може да биде памучно или синтетичко. Ние одбравме верзија која е изработена од 100% памук и памучен полнеж затоа што го прави ќебето употребливо во текот на целата година, хипоалергено е и меко на допир. Тежината на ќебето треба да изнесува околу 10% од телесната тежина.

Кои се бенефитите од користење на овие тежински ќебиња?

Нанесувајќи ја тежината врз телото уште истиот момент се добива чувство на смиреност. Се постигнува сензорна стимулација и свесност за секој дел од телото (како во медитација) и со тоа се смирува нервниот систем и овозможува побрзо заспивање. Преку намалените движења во текот на ноќта а со тоа и помалку будења, се обезбедува поквалитетен сон. И кога сонот е поквалитетен се будиме свежи и наспани.

Јас би ги нагласила и придобивките кои може да ги имаат дечињата со сензорна дисфункција или тие  од аутистичен спектар, бидејќи и самите ќебиња порано биле користени само од страна на окупациони терапевти и специјални едукатори како терапевтска алатка.

Направени се многу истражувања во кои потврдено е дека најмногу бенефити може да имаат тие со дијагностицирани состојби како:

  • Анксиозност
  • Депресија
  • Несоница
  • Аутистичен спектар
  • Пост-трауматско нарушување (ПТСД)
  • Нарушување или недостаток на внимание (АДХД)
  • Нарушување на сензорната обработка на информации(СПД)
  • Синдром на немирни нозе
  •  Фибромијалгија

На кој начин ова ќебе придонесува полесно да се заспие?

Терапијата со длабок притисок го зголемува производството на мелатонин – хормон одговорен за спиењето и го намалува нивото на кортизол– хормонот за стрес. Преку регулирање на овие хормони се овозможува побрзо и полесно заспивање.

Во период кога пандемијата не ни дозволува блискост и прегратка, тешкото ќебе е соодветна замена. Каква е моќта на прегратката?

Преку длабокиот притсок се постигнува зголемено лачење на хормонот окситоцин  („љубовниот хормон“) и се намалува лачењето на кортизолот („хормонот за стрес“). Преку овој процес, прегратката покрај здравствените придобивки  (намалување на крвниот притисок) има ефект врз расположението, односно, придонесува за поголема опуштеност, поголема концентрација, повеќе енергија и поквалитетен сон.

Но, дали „Хаги“ може да има и секојдневна употреба?

Секако. Бидејќи терапевтското ќебе е нефармаколошко и не може да има несакани последици од неговото користење, може да се користи во секое време кога е потребно. Може да биде краткорочно решение за акутен проблем или едноставно да го постигнете ефектот на прегратка, но, може да се користи и во едукативни/сензорни третмани извршени од страна на специјални едукатори и психолози .

Во текот на денот може да се користи и како алатка за концентарција, односно наметнување на ќебето околу рамената додека работите може да го зголеми фокусот и вниманието.

Наменето е за сите возрасти, особено за сите кои страдаат од анксиозност, несоница, аутистичен спектар, сензорна дисфункција и стари изнемоштени лица.

Не би требало да го користат бремени жени, тие кои имаат било каква дијагноза која предизвикува отежнато дишење при спиењето и лица кои не можат сами да го оттргнат ќебето од себеси. Исто така, детските ќебиња може да се употребуваат како алатка за игра и како терапевтско помагало за смирување во текот на денот.

Ќебињата може да се нарачаат онлајн, на huggy.mk и на нашите Facebook и Instagram профили, a може да го купи секој што помислил дека му е потребна силна прегратка пред да заспие 🙂

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •