21.3 C
Skopje
четврток, октомври 1, 2020

Луксузниот бренд за облека Gucci почна да произведува виртуелна облека

Gucci повеќе не дизајнира само за црвениот тепих и за модните писти. Деновиве дизајнерот на луксузна облека исто така почна да дизанира на дигитални платформи и се надева дека сериозните гејмери ќе сакаат да потрошат малку повеќе пари за нивните дигитални карактери да бидат облечени во луксузна облека.

Како што пишува Fast Company, италијанската модна куќаа склучила партнерство со повеќе мобилни игри, меѓу кои Drest и Tennis Clash, чиишто играчи ќе можат да ги обелкуваат своите аватари во високата мода на Gucci.

Додека дел од таа дигитална луксузна мода е бесплатен и главно служи за рекламирање на брендот, корисниците трошат вистински пари, и тоа доста високи суми, за облека која никогаш нема да ја носта во реалниот свет.

Креативците на Gucci размислувале за дизајнирање онлајн дигитална облека неколку години наназад, а минатата година на мобилната апликација на Gucci се појавија и првите мобилни игри. „Светот на модата и на мобилните игри имаат многу допирни точки“ велат од Gucci.

Gucci исто така склучил партнерство со Wildlife, компанијата која ја создаде играта Tennis Clash, каде што играчите можат да учествуваат во турнирот Gucci Open и да носат брендирана облека и патики за тенисери. На пример, гејмерите можат да купат дигитална верзија на тениската колекција на луксузниот бренд, вклучувајќи и јакна од 2.300 долари или маичка од 690 долари.

Што се однесува на играта Drest, која ја создаде поранешниот уредник на британски Harper’s Bazaar, Луси Јеоманс, играчите на оваа игра можат да комбинираат облека за супер модели користејќи дигитални верзии на вистински дизајнерски парчиња облека, кои ги купуваат во апликацијата.

(Daily Mail)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •