23 C
Skopje
петок, септември 25, 2020

Пријавувањето за PowerUp Програмата за иновативни мали и средни претпријатија и start-up компании е во тек

TMF desktop 19.08.2020

Програма за иновативни мали и средни претпријатија и start-up компании од западен Балкан. Подобрете го вашиот бизнис модел, изградете отпорност и подгответе ја вашата компанија за раст!

  • Дали сте иновативна компанија која бара нови начини да го зголеми бројот на клиенти или да го унапреди својот бизнис модел?
  • Дали сакате да остварите видливи резултати во краток рок, да изградите отпорност и успешно да продолжите со работење во „новото нормално“ и по пандемијата од Ковид-19?
  • Дали размислувате за надворешна финансиска поддршка или сакате својата компанија да ја направите примамлива за инвеститори?
  • Дали сте заинтересирани за бесплатна професионална поддршка за развој на вашата компанија од Дилоит, водечка светска компанија за пружање на професионални услуги?
  • Дали сакате да се поврзете со други компании, инвеститори, успешни претприемачи и претставници на корпорации?

Ако вашиот одговор е потврден, PowerUP е програма за вас!

Светска банка, во рамките на PowerUp: Јакнење на капацитетите на компаниите во рана фаза од развојот во земјите од Западен Балкан, отвора наменска програма за повеќе од 200 компании финансирана од Европската унија во рамките на Програмата за развој и иновации на претпријатија од западен Балкан (WB EDIF) и го спроведува со поддршка на еминентната консултантска компанија Дилоит.

За програмата

PowerUp е бесплатна програма наменета за мали и средни претпријатија (МСП) и start-up компании кои се во потрага по нови начини за привлекување на купувачи и клиенти, унапредување на својот бизнис модел, и потенцијално се заинтересирани за надворешни инвестиции.

Сите компании кои ќе бидат одбрани за учество во оваа програма ќе добијат поддршка и обука за понатамошен развој на работењето што ќе биде насочена на зголемување на нивната способност за привлекување инвестиции и отпорност на кризата од пандемијата од Ковид-19 и слични надворешни шокови.Програмата овозможува стекнување на вредно практично знаењесоздава предуслови за остварување на видливи резултати во краток рок, и се фокусира, пред сèи на темите за купувачи и пазар, финансиска успешност, брендирање, како и вештините за презентирање (pitching). 

Предвидено е програмата да трае од октомври 2020 до февруари 2021 година

Околу 100 компании кои ќе остварат најдобри резултати во текот на програмата ќе бидат повикани во март 2021 година да се натпреваруваат во „PowerUP финалето“ кое ќе се одржи на атрактивна локација во западен Балкан, каде ќе го претстават своето работење пред ексклузивно поканети претставници на ангели инвеститори, инвеститор во ризични бизниси – venture kapitalista, успешни претприемачи, како и претставници на корпорации и медиуми. Сите компании кои ќе бидат одбрани за учество во финалето на програмата ќе добијат значајна експонираност и признанија, и ќе бидат промовирани на локалните и регионални медиуми.

Награди

Трите најуспешни компании на PowerUP финалето ќе добијат „Награда за одлични претприемнички вештини во западен Балкан“ за различни категории, како и ексклузивна, посебно прилагодена за бизнисот, советодавна поддршка од локални и регионални експерти од водечката светска компанија за обезбедување на консултантски услуги – Дилоит.

Критериуми за учество во програмата

  • Компаниите треба да се пријавени и регистрирани во една од шесте земји на западен Балкан (Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово1, Србија и Црна Гора);
  • Компаниите треба да работат најмалку една година;
  • Компаниите треба да имаат меѓу 3 и 100 вработени;
  • Компаниите треба да се иновативни и да имаат свој производ / услуга која носи приход на најмалку еден пазар, и за кој/која компанијата сака да ја зголеми продажбата;
  • Компаниите не смеат да се занимаваат со производство на алкохол, тутун, оружје или други слични дејности. Организаторите го задржуваат правото да ги исклучат фирмите за кои се смета дека би можеле да бидат ризични за репутацијата на организаторите, обучувачите, учесниците во Програмата и други.

______________
1 Овој наслов за ЕУ е без прејудицирање на статусот и е во согласност со UNSCR 1244/1999 и Мислењето на Меѓународниот суд на правдата за Декларацијата на независноста на Косово.

Како да се пријавите?

Рокот за пријавување е 30 септември 2020 година.

Бројот на места за учество во програмата е ограничено, а изборот на учесници кои ги задоволуваат критериумите ќе се спроведува имајќи ги во предвид разновидноста на индустриите и земјите. По потреба , временската рамка за програмата може да се прилагоди на ситуацијата предизвикана со пандемијата на Ковид-19.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •