18.4 C
Skopje
четврток, октомври 1, 2020

МОН ги повикува учениците да смислат име и лого за националната платформа за онлајн учење

Јавен повик за избор на идејно решение за лого, насловна фотографија и официјален назив на националната платформа за учење на далечина, објави денеска министерството за образование и наука (МОН) под мотото „Од учениците, за учениците“.

Повикот е отворен за учениците од сите основни и средни училишта во државава, а на него можат да учествуваат индивидуално или во групи до четворица ученици, со поднесување на едно или најмногу три идејни решенија.

„Со овој повик Министерството за образование и наука се обраќа до учениците, кои ќе бидат најголеми корисници на Единствена национална платформа за учење на далечина, којашто е предвидена со Планот за започнување на учебната 2020/2021 година. Преку Платформата ќе се реализира учењето на далечина, и ќе се овозможи разработка и совладување на материјата предвидена во наставните програми за сите одделенија во основното и средното образование, преку одржување двонасочна комуникација на едноставен и прифатлив начин за сите“, соопштуваат од МОН.

Идејните решенија, како што соопштуваат од МОН, се доставуваат на електронската адреса nacionalnaplatforma@mon.gov.mk, најдоцна до 22 септември, до 16 часот.

Најдобрите 5 решенија ќе бидат поставени на официјалната страница на националната платформа за учење на далечина, на јавно гласање на учениците. Решението со најголем број освоени гласови од учениците, ќе биде избрано за официјално, додека за авторот/авторите ќе следува пригодна награда обезбедена од МОН и УНИЦЕФ“, додаваат од МОН.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •